fbpx

Специјален E-Pace на Jaguar и Baracuta

Двете британски компании, Jaguar и Baracuta, ги здружија своите сили во чест на британскиот дизајн, креирајќи специјално издание на E-Pace

Jaguar е оформен во 1935 година во Ковентри, а модната компанија Baracuta настана две години подоцна во Манчестер. Овие две прославени британски фирми започнаа соработка со која го слават препознатливиот британски дизајн и ги истражуваат идните трендови.

Конечниот производ е стилски Jaguar E-Pace P300e plug-in хибридниот SUV и модерна Jaguar G9 Baracuta јакна, со кои се презентира ДНК-та на двата бренда кога станува збор за дизајнот. Уште поважно, соработката не завршува тука со оглед на тоа дека двата бренда ќе организираат културолошко истражување на модата, уметноста и архитектурата ширум Европа со цел да ги идентификуваат идните дизајнерски класици.

Jaguar Baracuta E-Pace пристигнува со специјална боја на екстериерот наречена Neutro, додека кабината ќе биде декорирана со истиот тартан кој Baracuta го користи во својата линија на G9 јакни. Овие дизајни можат да се најдат на панелите од вратите, подот од кабината и на покривот, но во контрастен стајлинг. Освен тоа, амблемите на Baracuta се поставени на потпирачите за глава и на задниот мал прозорец.

Jaguar Baracuta

Од друга страна, Baracuta G9 Jaguar јакната го добива името на автомобилскиот производител извезено на ракавот, како и лого Jaguar x Baracuta за специјалната едиција. Соработката на овие два бренда го означува раѓањето на „The Next Classic Guide“, а целта е да се инспирира и оформи следната генерација.

Културното истражување започна во Лондон во октомври годинава, а ќе заврши на Модната недела во Милано во февруари догодина, притоа минувајќи низ Германија, Шпанија, Полска и Австрија.

Поврзани вести

Back to top button