fbpx

Специјална Pininfarina Battista во чест на Lancia Florida од 1955

Специјалниот Battista базиран на Lancia Florida се упатува кон Јапонија и ќе биде прикажан на клиенти од целиот тамошен регион

Automobili Pininfarina го претстави најновиот Battista направен по нарачка, изработен во чест на Lancia Florida од 1955 година и финиширан во бела и сина боја.

Познатиот дизајнер Батиста Фарина го стави својот потпис на дизајнот на Lancia Florida во раните 1950-ти, а неговиот личен автомобил послужи како инспирација за изработката на електричниот хиперавтомобил. Наречен е Cinquantacinque и е насликан со сјајна Blu Savoia боја во контраст со бел Bianco Sestriere Gloss покрив. Сината е малку посветла од онаа на оригиналната Florida, но совршено одговара на Battista.

Pininfarina Battista Lancia Florida

Од друга страна, производителот го опреми автомобилот со пакетот Brushed Anodised, додека внатрешноста е украсена со кожа од Poltrona Frau. Кога станува збор за името Cinquantacinque се преведува на 55 на италијански, што се однесува на годината кога е претставена оригиналната Lancia Florida.

Компанијата не кажа кој е среќниот сопственик на овој Battista модел. Она што е познато е дека ќе биде претставен на специјален настан во Токио, Јапонија и ќе биде прикажан на клиентите во регионот заедно со локалниот партнер за малопродажба на марката.

Pininfarina Battista Lancia Florida

„Ова беше навистина посебна и единствена можност да се дизајнира автомобил што ќе му оддаде почит на наследството на Pininfarina SpA“, рече главниот дизајнер на Automobili Pininfarina, Дејв Амантеа. „Комбинацијата на бои на Battista Cinquantacinque е неверојатна и ја покажува визијата што ја имаше Батиста Фарина кога ја дизајнираше Lancia Florida во раните педесетти. Не само тоа, туку истиот модел ми помогна при креирањето на дизајнерскиот концепт PURA Vision, навистина уникатно возило што го поставува шаблонот за идните модели од Automobili Pininfarina.

Како и сите други верзии на Battista, Cinquantacinque е придвижуван од четири електрични мотори кои комбинирано произведуваат 1.877 КС и 2.430 Nm вртежен момент. Хиперавтомобилот може да забрза до 100 км/ч за неверојатни 1,86 секунди, до 200 км/ч за 4,75 секунди и достигнува 350 км/ч.

Поврзани вести

Back to top button