fbpx

Специјално „полициско“ издание: Тјуниран Audi RS4 Avant

Оние кои уживаат да ја стиснат педалата за гас до максимум сепак ќе можат да здивнат, бидејќи станува збор само за примерок

Германската организација „Tune it! Safe!“, која промовира безбедно унапредување и преправки на сериските модели на автомобили, во соработка со фирмата ABT го претстави новиот посакуван и специјално направен полициски модел – патролниот Audi RS4 Avant.

Автомобилот кој е заснован на фабричката верзија на моделот RS4 Avant пред најновиот редизајн, ја носи ознаката „RS4-R“.

Модифицираниот ABT Audi RS4 Avant има унапреден 2.9 V6 со 523 КС и 690nm. Меѓу додатоците во однос на регуларната верзија е и масовниот издувен систем со 4 цевки со завршетоци со пречник од 102 милиметри.

Стандардните тркала го отстапија своето место на сет од 21-инчни алу фелни на кои се монтирани 275/25 ZR1 гуми. Листата на модификации, покрај останатотот, вклучува и адаптивни амортизери во системот на потпирање, како и спортски стабилизатори.

Прашање на време е кога ABT ќе го земе во свои раце неодамна редизајнираниот Audi RS4 Avant за да му додаде дополнителна моќ и да создаде поагресивен лик. Ќе биде интересно да се види како тјунерите од оваа компанија ја замислуваат следната генерација RS4 имајќи предвид дека германскиот производител веќе потврди дека ќе се користи хибридно напојување со приклучок.

Организацијата „Tune it! Safe“ е основана во 2005. година во соработка со германското министерство за сообраќај и Асоцијацијата на германски тјунерски куќи. Целта да се промовира безбедно и одговорно ремоделирање на автомобилите, со цел унапредените возила да се вклопат во веќе постоечките законски норми во Германија.

Во рамките на оваа кампања, секоја година се модифицира по еден специфичен модел на автомобил во специјално полициско патролно возило. Минатата година изборот падна на BMW i8.

Поврзани вести

Back to top button