fbpx

Специјална верзија на Renault Zoe Star Wars Edition

Заедно со премиерата на осмата епизода од серијалот Војна на ѕвездите- The Last Jedi, Renault понуди специјална верзија на електричниот модел Zoe

Минатата година Renault- Nissan направи успешно вклучување во темата, но со Nissan Rogue One Star Wars Edition, кога излезе филмот за групата бунтовници кои успеале да ги украдат плановите на првата Ѕвезда на смртта.Овој пат на ред е Zoe. Дизајнот на Zoe Star Wars Edition вклучува интересни елементи од светот на Војна на ѕвездите, вклучувајќи и цртеж на легендарниот Millennium Falcon на Хан Соло на хаубата, покривот и на петтата врата.

На праговите и на предниот браник се додадени натписи Star Wars, а ентериерот е издржан во единствена бои на пурпур, која покрива сè од рабови на инструментите до теписите на подот на автомобилот. Опремата во специјалната верзија на електричниот автомобил вклучува камера за заднаta страна, Воѕе аудио систем, 17-инчни тркала Techrun и Wi-Fi.

1 Zoe Star Wars Edition| Zoe Star Wars Edition
2 Zoe Star Wars Edition| Zoe Star Wars Edition

    Премиерата на Zoe Star Wars Edition беше во L’Atelier Renault на Шанс Елизе во Париз, но неговата продажба ќе започне во март. Исто така, се очекува премиерата на самостојниот филм за Хан Соло. Ограничената серија на Zoe ќе има 1.000 автомобили кои се само за францускиот пазар и веќе се прифаќаат нарачките.

    Поврзани вести

    Back to top button