fbpx

PSA и FCA добиваат дозвола од европските власти

Долго најавуваното спојување на PSA и FCA полека се доближува кон целта и реализацијата откако официјалните лица во Европската унија се подготвени да дадат дозвола

Спојувањето меѓу двете групации е само работа на време, бидејќи како што пренесува Reuters од свои извори, европските власти наскоро ќе дадат „благослов“ за спојувањето на PSA и FCA со што ќе се создаде четвртиот најголем автомобилски производител на светот.

Иако се уште ништо не е официјално, се чини дека компаниите успеале да ги решат сите недоразбирања и проблеми со кои се соочуваат, пред се околу грижата за заштита на конкуренцијата од страна на ЕУ, со ветувањето дека и помогнат на Toyota која има заеднички погон со PSA. Како дел од договорот, PSA ќе го засили производството на Toyota комбиња и ќе ги продава речиси по фабричка цена.

Благодарение на тоа и на некои други ситни промени, Европската унија би можела да даде дозвола за спојувањето меѓу PSA и FCA да биде реализирано до крајот на годината, а рокот е до 2 февруари. Додека се чека официјалното соопштение, PSA и FCA неодамна најавија кој ќе се најде во бордот на директори во заедничкиот ентитет кој ќе биде познат како Stellantis. Таму ќе биде идниот извршен директор на Stellantis Карлос Таварес, кој во моментов е шеф на PSA, како и други големи играчи како Андреа Ањели, Џон Елкан и Роберт Пежо.

Двата производители сметаат дека спојувањето ќе им заштеди повеќе од 5 милијарди евра. Без оглед на финансиите, PSA и FCA претходно истакнаа дека очекуваат спојувањето да се случи до крајот на првиот квартал од 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button