fbpx

Ги споредија лимузините на Трамп и Путин

Американското издание Newsweek објави напис во кој се споредуваат Cadillac-от на Трамп и новата лимузина од проектот „моторизираната придружба", наменета за Владимир Путин

Изданието ги дефинира односите меѓу двајцата претседатели, како „интересни”, но го нагласува фактот дека и двајцата имаат нескриен интерес за луксузни лимузини. Анализирајќи ја руската лимузина Aurus, од Newsweek ја одбележуваат сличноста со британските Rolls Royce Phantom и Rolls Royce Ghost. Според Американците, автомобилот на Путин е потехнолошки подготвен и помоќен.

Факт е дека V12 моторот на Aurus е подобар од оној V8 што носи прекарот The Beast.

Освен дека е понова, помоќна и потехнолошки спакувана, лимузината на Путин е и полесна со тон и пол, а што се однесува до интегрираните технологии за заштита, како и до блиндираните карактеристики на двата автомобила, тогаш од изданието веруваат дека и двете се подеднакво добро опремени. Сепак, написот споменува дека Трамп наскоро ќе има нов автомобил.

Авторот од Newsweek се повикува на информации од каналот Fox News, според која новата верзија на претседателскиот Cadillac ќе се појави уште ова лето, а според податоците договорот неговата вредност е 15 милиони долари. И веќе е склучен. Идејата е новиот The Beast да е значително подобар од сегашниот на рускиот претседател – Aurus.

Поврзани вести

Back to top button