fbpx

SSC Tuatara е најбрзиот автомобил на светот

SSC го сруши рекордот за највисока брзина со продукциски автомобил со Tuatara, откако достигна неверојатни 532,7 километри на час

Компанијата SSC заедно со својот автомобил Tuatara се нови сопственици на светскиот рекорд за најбрз продукциски автомобил во светот. Хиперавтомобилот Tuatara достигна максимална брзина од 532,7 километри на час, додека во две насоки достигна просечна брзина од 508,7 километри на час на затворен пат во Невада.

По најавите кои се случија уште минатата недела, Top Gear го откри новиот брзински светски рекорд на Tuatara со објавување на снимка во која се гледа како хиперавтомобилот достигнува од 0 до 532,7 км/ч.

За разлика од еднонасочната брзина од 490 километри на час кои Bugatti ги достигна со Chiron Super Sport 300+, Shelby SuperCars (SSC) направи адекватен двонасочен обид со Tuatara, достигнувајќи во просек 508,7 километри на час враќајќи ја титулата за најбрз продукциски автомобил на планетата.

Автомобилот беше управуван од британскиот тркач Оливер Веб на истиот тип на пат кој Koenigsegg го користеше во 2017 година, кога Agera RS постави двонасочен просек од 447,2 километри на час и максимална брзина од 457 километри на час.

Веб успеа да достигне брзина од 484,53 километри на час при својот прв обид, по што успеа да достигне неверојатни 532,7 километри на час.

„Можеше да оди уште. Со подобри услови, знам дека ќе одев и побрзо. Како што се наближував до 532 км/ч Tuatara разви речиси 30 км/ч во последните пет секунди. Автомобилот се уште не ‘издиша’. Вкрстените ветришта ме спречија да го достигнам лимитот на автомобилот“, изјави Веб.

SSC Tuatara се напојува со битурбо 5,9-литарски V8 мотор кој испорачува 1.750 КС ако работи на E85 гориво.

Поврзани вести

Back to top button