State Grid Corporation of China ќе гради 120.000 станици до 2020 година
Државната компанија State Grid Corporation of China, која е најголема во светот во областа на комуналните услуги, најави дека ќе изгради мрежа од 120.000 станици за полнење за електрични возила до 2020 година
![State Grid Corporation](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/01/C-n-6-780x405.jpg)
Инсталациите ќе ги опфатат Пекинг, Тијанџин, Хебеј, Шандонг, делтата на Јангценкјанг, како и други поголеми градови.
Од State Grid Corporation of China коментираат, дека во текот на минатата година компанијата има инсталирано повеќе од 10.000 станици на паркинзи во Пекинг и Шангај, а Џанг Бинг- претседател на компанијата тврди дека бројот на електричните возила за неколку години ќе биде навистина многу голем и овој потег е сосема очекуван.
Основната цел на SGCC е олеснување на меѓуградските патувања во Кина, а се очекува изградба на околу 3.000.000 станици за полнење, кои ќе бидат поврзани со нејзината интелигентна онлајн платформа, во која се вклучени 19 оператори. Продажбата на нови целосно електричен и plug-in хибридни автомобили во Кина минатата година достигна ниво од околу 602.000 единици, што претставува зголемување од 72% во споредба со резултатот од 2016.