fbpx

Stellantis ги најави своите партнерства со BMW и Foxconn

Stellantis претстави серија на технологии и партнерства насочени кон тоа нивните возила да станат попрофитабилни и понапредни

Четвртиот најголем производител на светот, групацијата Stellantis, потпиша необврзувачки меморандум за меѓусебно разбирање со Foxconn за дизајн и развој на „семејство на наменски изработени полупроводници за поддршка на Stellantis и клиенти од трети страни“.

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, истакна дека партнерството има за цел „да креира четири нови семејства на чипови кои ќе покријат над 80 проценти од потребите за полупроводници на групацијата, помагајќи притоа значително да се модернизираат компонентите, да се намали комплексноста и да се поедностави ланецот на снабдување“.

Кога станува збор за автономното возење, производителот најави проширено партнерство со Waymo кое вклучува локални доставувачки услуги. Компаниите не открија голем дел од деталите, но Stellantis вели дека соработката е фокусирана на комерцијалните возила и инженерските тимови ќе ги добијат прототипите следната година.

Покрај ова, компанијата најави три нови „технолошки платформи“ кои ќе се користат на нивните престојни електрични возила. Главниот компонент е познат како STLA Brain и се смета за нова електрична и софтверска архитектура, која се одликува со трипати поголем број на модули од актуелните архитектури и е способна да прима бежични over-the-air унапредувања. Stellantis ја опиша како „архитектура ориентирана кон услугата целосно cloud интегрирана што ги поврзува електронските единици во возилото со централниот компјутер со високи перформанси на возилото преку магистрала за податоци со голема брзина“.

Mobile Drive и партнерство со BMW за STLA AutoDrive

Втората платформа е STLA SmartCockpit и е резултат на заедничкиот потфат Mobile Drive, меѓу Stellantis и Foxconn, кој беше најавен претходно оваа година. Оваа платформа ветува дека ќе донесе апликации базирани на вештачка интелигенција, како што е навигација, гласовна асистенција, услуги за плаќање и пазар за е-трговија“.

Ако тоа не е доволно, Stellantis почнува партнерство и со BMW за STLA AutoDrive. Оваа платформа ќе овозможи Level 2, Level 2+ и Level 3 полуавтономни возачки системи, кои ќе бидат „постојано унапредувани“ преку over-the-air апдејти.

Stellantis

Групацијата исто така сака да ги монетизира конектираните возила преку услуги и претплати, карактеристики по барање и користењето на податоците како услуга. Производителот ги најави и своите планови за „осигурителна програма базирана на користењето“ која ќе биде лансирана следната година. Најверојатно ќе им наплаќа на возачите базирано на тоа колку километри ќе поминат.

Stellantis очекува да заработи огромна сума преку оваа понуда на софтверски продукти и претплати со оглед на тоа дека имаат проектирано да соберат околу 4 милијарди евра во годишни приходи до 2026 година. Оваа бројка се очекува да скокне до 20 милијарди до 2030 година.

 

Поврзани вести

Back to top button