fbpx

Stellantis подготвува големи инвестиции за Alfa Romeo и Lancia

Италијанските брендови Alfa Romeo и Lancia ќе добијат шанса за „поголеми можности“ по спојувањето на FCA и PSA, односно со настанувањето на Stellantis

Групацијата Stellantis има големи планови за своите премиум марки, а како дел од сето тоа, италијанските брендови Alfa Romeo и Lancia ќе добијат далеку поголеми инвестиции, тврди претседателот Џон Елкан. За време на интервјуто на италијанската телевизија Rai, Елкан истакна дека двата бренда ќе добијат „поголеми можности“ под водство на Stellantis, од она што беше возможно додека беа само под FCA групацијата.

Кога беше запрашан каква улога ќе има Торино, градот кој е седиште на FCA, во новата Stellantis групација, Елкан истакна дека да се биде дел од поголема групација е само добра вест за италијанските брендови, пренесува Reuters. „Може да се види јасно со некои брендови како Alfa Romeo и Lancia, за кои не можевме да инвестираме или да одвоиме ресурси колку што сакавме во изминатите години. Во оваа нова групација ќе има многу поголеми можности отколку во минатото за овие два бернда, кои се базирани во Торино“, изјави Елкан, кој беше претседател на FCA пред спојувањето со PSA и создавањето на Stellantis.

Новата групација сега под свое има 14 брендови, со што е четвртиот најголем производител во светот. Новата групација ќе ги спои брендовите како Alfa Romeo, Lancia и DS, кои ќе соработуваат со цел да го зголемат своето присуство во премиум сегментот.

Ова не е прв пат да слушаме околу тоа дека Stellantis сака да вложи поголеми инвестиции во Alfa Romeo. Претходно овој месец, групацијата потврди дека ги повлекува своите планови за враќање на Peugeot во Северна Америка, истакнувајќи дека наместо тоа ќе се фокусира ан постоечките брендови во регионот, вклучително Alfa Romeo и Chrysler.

Поврзани вести

Back to top button