НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Стопирани автономните тестови по смртта на жена?!

Компанија Uber објави дека престанала со тестирање на автономни автомобили откако една жена почина по сообраќајна несреќа со еден од тест-моделите (Volvo XC90) во Аризона

Автономниот автомобил ја удрил жената во градот Темпе, во Аризона, додека таа го преминувала патот надвор од пешачката зона. Таа веднаш била однесена во локална болница, но подоцна умрела од повредите што ги здобила. Според полицијата, автомобилот бил управуван самостојно, но со возач зад воланот. Ова е прв случај на загинат пешак во сообраќајна несреќа.

жена

По овој несреќен случај Uber ги запре сите тестови на своите автомобили, не само во Аризона, туку и во сите поголеми градови, вклучувајќи ги и Сан Франциско, Питсбург и Торонто.

Главниот извршен директор, Дара Корсроваши, изрази сочувство до семејството на жртвата и на Тwitter потврди дека Uber ќе и помогне на локалната полиција да ги разјасни околностите на инцидентот. Во март минатата година, друг автомобил на Uber имаше сообраќајка во Темпе, учествувајќи во инцидент со уште два автомобили.

Но, полициската истрага покажа дека вината за несреќата не е во автономниот Volvo XC90 на Uber.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close