Subaru и Honda со најлојални купувачи, според студија на Edmunds
Меrcedes-Benz можеби е најскапиот бренд на автомобили, но Германците не можат да се пофалат со најлојални купувачи, според една нова студија на Edmunds
Истражувањето опфати 13,9 милиони корисници, главно од САД, помеѓу 2007 и 2017 година.
Резултатите покажуваат дека јапонските брендови Honda, Subaru и Toyota ги имаат најлојалните клиенти. Веднаш зад нив се Ram и Chevrolet. На крајниот дел на студијата се имињата на брендовите како што се Chrysler, Smart и Dodge, а веднаш над нив се Fiat и Mitsubishi. Во последните десет години, Honda и Mazda забележале најголем пораст во рејтингот на лојалност на Edmunds.
Интересно, кросоверот CX-5 има најголем процент на корисници кои се враќаат повторно да купат ист автомобил по неколку години и стотици илјади минати километри. Во премиум сегментот, корисниците на Lexus, Audi и Land Rover остануваат најверни на своите брендови, а веднаш зад нив се Mercedes, Porsche и BMW.