Subaru од 2030 година ќе произведува само електрични автомобили

Subaru сака сите свои ресурси да ги насочи кон електричните возила, а најавен е и првиот електричен кросовер во соработка со Toyota

Јапонската компанија засега има само неколку електрифицирани возила во продажбата на глобално ниво и тоа вклучително и Crosstrek Hybrid за американскиот пазар и Forester e-Boxer во Европа, но Subaru подготвува агресивен план за следните две години.

Subaru силните хибридни возила ќе ги има благодарение на соработката со Toyota и големиот проект се подготвува за крајот на оваа деценија што ќе и помогне на компанијата да досегне до 40 проценти електрични возила мошне брзо.

Тие веќе објавија скици од електричниот модел кој би требало да изгледа како кросовер, а како што е веќе кажано, планот на јапонската компанија е веќе во првата половна од 2030-тите години да произведуваат единствено електрични возила.

„Иако ја користиме технологијата на Toyota, овие хибриди ќе бидат исклучиво модели на Subaru. Не станува збор тука само за емисијата на јаглерод диоксид туку за тоа дека сакаме да ја унапредиме безбедноста и перформансите на сите наши модели на возила“, порача Тецуо Онуки, шефот за развој на технологијата во Subaru.

Инаку, Toyota и Subaru уште во јуни минатата година соопштија дека заеднички ќе развиваат целосно електричен кросовер и тоа на нова платформа која ќе ја користат уште неколку идни модели. Во меѓувреме пристигнаа некои нови детали и неколку фотографии кои го покажуваат прототипот на оваа верзија на кросовер од Subaru.

Subaru

Subaru развива целосно електричен кросовер со Toyota

Првиот електричен кросовер кој ќе ја користи новата платформа ќе биде возило од C сегментот, а како што стојат работите во моментов, на пазарот може да се очекува кон „почетокот на триесеттите години“. Овој нивни кросовер ќе се продава под знакот на Toyota и на Subaru, но нивниот изглед меѓусебно ќе се разликува.

Првиот електричен кросовер ќе има погон на сите четири тркала, при што се наведува дека за тоа ќе биде задолжен Subaru, додека Toyota се грижи за електричниот погонски систем.

Исто така, Subaru својата верзија би можел да ја понуди и со хибриден погон, и тоа во комбинација со нов 1,8-литарски турбо мотор кој исто така е најавуван.

Освен за кросоверот од C сегментот, новата платформа ќе се користи и за седаните од C сегментот, но и за SUV моделите и седаните од D сегментот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close