Subaru Outback пристигнува во Европа, но само со еден мотор

Subaru ја претстави европската верзија на целосно новиот кросовер модел Outback, кој во продажните салони на Стариот континент треба да пристигне во април

Новиот караван кросовер на јапонскиот производител Subaru, моделот Outback, конечно пристигнува и во Европа, а овој караван кросовер ќе биде „знаменосецот“ во понудата на европско тло за компанијата. Сепак, треба да се напомене дека Outback на европските купувачи ќе им биде понуден само со една моторна единица, а тоа е 2,5-литарскиот boxer четирицилиндерски мотор во комбинација со Lieartronic CVT автоматски менувач и секако препознатливиот перманентен систем за погон на сите четири тркала.

Овој 2,5-литарски агрегат се карактеризира со 90 проценти редизајнирани делови додека CVT менувачот исто така доби и проширено покривање на брзинскиот сооднос кој е еквивалентен на оној кој може да се најде кај осумстепен автоматски менувач. Subaru не открива детали околу перформансите, но американската верзија на истиот мотор испорачува 185 КС и 238 Nm максимален вртежен момент. Системот за погон на сите четири тркала исто така се одликува со систем за векторирање на вртежниот момент за подобра управливост како стандард.

Subaru Outback

Нова платформа и нова безбедносна технологија

Новата, шеста генерација на Subaru Outback е базиран на најновата глобална платформа на јапонскиот производител, која користи високо затегнувачки челик за полесна каросерија и унапредена безбедност, нудејќи не само за 70 проценти поголема торзиона цврстина, туку и 40 проценти зголемување во ефикасноста на енергетската апсорбција. Благодарение на новата поцврста платформа и систем на потпирање, новиот Subaru Outback ветува подобра управливост и удобност во возењето.

Subaru го претстави и новиот X-Mode за оф-роуд користење во Outback, кој пристигнува со двојна функција за дожд и снег, или снег и кал, менувајќи ги поставките на погонот соодветно. Клиренсот на Outback е повисок од било кога, со 213 милиметри, а има пристапен агол од 19,7 степени, поаѓачки агол од 22,6 степени и агол на пробивање од 21 степен.

Овој модел на јапонскиот производител пристигнува и со новата генерација на EyeSight Driver Assist технологијата, која содржи пар камери, со речиси двојно поголем агол на прегледност во споредба со претходниот систем и нов софтвер за препознавање на слики со цел да функционираат 11-те активни безбедносни системи.

Subaru Outback

Европската верзија на моделот пристигнува со 11,6-инчен инфозабавен систем како стандарден дел од опремата, заедно со ново дизајнираниот интерфејс, како и Android Auto и Apple CarPlay. Исто така, во внатрешноста е инсталирана и камера со препознавање на лик која го индентификува лицето во возачкото седиште со цел автоматско подесување на седењето, подесувањето на ретровизорите и клима-уредот

Поврзани вести

Back to top button