fbpx

SUV моделите се` поекономични!

Лимузините и седан изведбите се врста која „изумира“, какво-такво ниво држат хечбеците, но се по присутни на пазарот се SUV/кросовер моделите, не веќа само по својата функционалност и практичност, туку и поради фактот што се се` поекономични

Во својот најнов извештај, аналитичарите од познатата компанија за оваа намена-JATO, наведуваат дека кросоверите и SUV моделите навистина напредувале кога е во прашање потрошувачката на гориво, односно денес тие се значително поекономични од моментот кога се појавија на пазарот.

Како пример тие го наведуваат испитувањето направено врз моделите Ford Focus и Ford Kuga/Escape. Имено, во текот на 2008 година, Focus за изминати 45 километри трошел 3,8 литри годиво, а Kuga со истата количина минувала 36,7 km. Во 2017 Ford Kuga стана поекономична од Focus, односно сега таа изминува 40 километри со 3,8 литри гориво, а Focus 38.  Ова не е случај само со моделите на Ford, направени се и комбинации во мерењата, па Honda HR-V има помала потрошувачка од Chevy Sonic, a за нијанса поголема од Ford Fiesta.

SUV

Со унапредена економичност, односно помала потрошувачка и со привлечниот екстериер и практичност, кросоверите и SUV моделите едноставно се наметнаа.

Во 2009 година седан моделите имаа учество од 39% од вкупниот број продадени возила во светот, а само 12% SUV остварувањата. Меѓутоа за минатата година овој сооднос е сосема обратен, SUV моделите чинат 41% од вкупниот број пласирани возила, а седаните имаат учество од само 21%.

Слична е ситуацијата само во Европа, каде седан моделите во 2008 година заземале 8%, за да минатата година оваа бројка падне на 4,5%. Кина и натаму останува земја каде најмногу се пласираат седан изданија (39%), но сепак лани повеќе биле продадени кросовери и SUV модели (42%). Затоа не изненадува што големите производители вложуваат многу во развојот на овој сегмент, а Ford и FCA решија да се фокусираат во иднина само на SUV/кросовер изданија.

Поврзани вести

Back to top button