МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

SUV предводникот на Volkswagen конечно достапен и кај нас

По својата премиера во Пекинг која се одржа во март годинава, третата генерација на Volkswagen Touareg конечно достапна и за македонските потрошувачи

Новиот Touareg деновиве пристигна во салоните на Порше Македонија. Базиран на MLB Evo модуларната платформа која ја дели со Audi Q7, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus, овој модел изгледа подобро од кога и да е.

Во поглед на надворешниот дизајн, овој SUV доаѓа со речиси целосно променет изглед инспириран од Arteon, особено во предниот дел. Германскиот производител може слободно да се пофали дека новиот Touareg ги користи најнапредни LED фарови во индустријата. Секој од фаровите користи 128 диоди, кои се контролираат поединечно со цел да се добие оптимално осветлување на патот.

Интериерот е опремен со 12-инчен екран на електронската инструмент табла и 15-инчен дисплеј на централната конзола за управување со мултимедијалниот комплекс, како и сите останати фунции.

volkswagen

Првично, овој модел кај нас е достапен само со 3.0 литарскиот V6 турбо мотор, кој испорачува моќност од 286 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm.

 

Овој мотор доаѓа во комбинација со осум-степен автоматски менувач и постојан погон на сите четири тркала. Благодарение на овој агрегат, новиот спортски SUV од 0 до 100 километри на час забрзува за одлични 6,1 секунди, со што достигнува максимална брзина од 235 километри на час.

Третата генерација на Touareg има прилично широка палета на бои, па така клиентите можат да се одлучат за една од вкупно тринаесетте понудени. Овој избор е исто така широк и во поглед на интериерот, кој може да се комбинира со различни бои и материјали.

Што се однесува до пакетите на опременост, новата генерација на овој SUV модел ни доаѓа со неколку нивоа на опременост, како стандардно односно сериско ниво,  Atmosphere Pack 1,2 и 3 и Elegance Pack 1,2 и 3.

volkswagen

Цената на Touareg со стандарно ниво на опременост изнесува 65.821 евра, додека пак таа на Atmosphere Pack 3 и Elegance Pack 3 е 104.356 евра.

За повеќе информации околу овој модел, може да се обратите во салонот на Порше Македонија или да ја посетите нивната веб страна.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close