fbpx

Suzuki го освежи изгледот на Ignis за европскиот пазар

Симпатичниот автомобил на јапонскиот производител, Suzuki Ignis, мина низ мал редизајн за моделската 2020 година за европскиот пазар

Откако пред еден месец Suzuki го претстави освежениот Ignis за јапонскиот пазар, овој производител сега го прикажа и рестилизираниот Ignis за Европа. Suzuki Ignis е присутен на европскиот пазар уште од 2016 година, поради што во јапонската компанија сфатија дека е време за некои промени на овој модел, иако истите не стака лесно воочливи. Променети се предниот и задниот браник на автомобилот, а една од поголемите разлики во однос на актуелниот модел е поинаквата решетка на предниот дел од возилото по примерот на Suzuki S-Presso.

Освен промената на предниот дел, која е најочигледна, на автомобилот се истакнуваат и нешто поробусните браници, црните прагови и лаковите од браниците за кал, како и сребрените покривни носачи. Кога станува збор за внатрешноста, овој процес на освежување на изгледот донесе понуда за нови комбинации на бои, но исто така променет е и изгледот на инструменталната табла.

Suzuki Ignis

Поголемите промени се случија под хаубата. Имено, Suzuki го унапреди 1,2-литарскиот бензински мотор, со што сега од редовите на јапонскиот производител тврдат дека развојот на моќта е полинеарен, како и дека реакцијата на папучата за гас е подобра. Покрај ова, истакнуваат дека нивниот агрегат сега ќе биде поекономичен во однос на она што беше досега.

Од Suzuki исто така истакнаа дека и благиот хибриден систем сега е „подобар“, односно дека е во состојба да рекуперира повеќе енергија. Освен тоа, во понудата како опција се нуди и CVT менувачот за кој претставниците на јапонската компанија истакнуваат дека пружа одлични перформанси во урбаната експлоатација, како и дека нуди поголема ефикасност кога станува збор за употребата на отворен пат.

Освежениот Suzuki Ignis во продажните салони ширум Европа ќе се најде веќе на пролет, а првата земја каде ќе пристигне овој модел е Велика Британија, по што ќе се пресели и во континентална Европа.

Поврзани вести

Back to top button