Suzuki е најпопуларниот компактен бренд во светот
Втора година по ред, IHS Automotive, го промовира Suzuki како најомилен производител на субкомпактни автомобили во светот
Рангирањето е направено на база на обемот на глобалната продажба на автомобилските производители, во сегментите А и В.
Во пријавени од Suzuki Motor Corporation, речиси 2.614.000 продадени субкомпактни автомобили, вклучени се и бројките од специјалните европски модели на марката, развиени само за пазарот на Стариот континент – CELERIO, BALENO и SWIFT. Тие се поинакви од верзиите наменети за други пазари.
Опремени со динамични и економични бензински мотори од најновата генерација, нудат можност за избор меѓу механички и автоматски менувач, гарантираат максимална безбедност како за возачот и патниците, така и за пешаците, неочекувана пространост и удобност, а трите модели ги задоволуваат во целост барањата на клиентите за сигурен субкомпактен автомобил за добра цена. За минатата година Suzuki во вкупното учество на пазарот на субкомпакти учествувал со 10,4%, пред Honda со 8,5% и Hyundai 8,4%. Најдобро пласиран европски бренд е Renault на четвртата позиција со учество од 7,8%.