fbpx

Suzuki подготвува електричен Jimny за Европа како дел од новата ЕВ стратегија

Suzuki најави ЕВ Jimny како дел од масивниот инвестициски план, според кој компанијата сака 80 отсто од продажбата во Европа да биде составен од електрични возиладо 2030

Suzuki ги објави своите планови за електрификација за 2030 година, придвижувајќи голем број електрични возила за Европа, Јапонија и Индија како дел од инвестицијата од 2 трилиони јени (14 милијарди евра) за сите нејзини оддели за автомобили, мотоцикли/ATV и поморски возила. Што се однесува до автомобилите, меѓу електричните теренци и кеи автомобилите што ќе дебитираат до крајот на деценијата, се наоѓа ЕВ верзијата на Suzuki Jimny и сериската верзија на неодамна откриениот концепт eVX.

Фокусираните пазари на Suzuki се Индија, Јапонија и Европа, а во презентацијата се споменува и Африка како пазар со перспективна иднина. Така, производителот на автомобили ги најави ЕВ премиерите поединечно за секој пазар, прикажувајќи ги силуетите и светлосните знаци на претстојните модели.

Електричен Jimny за Европа

Почнувајќи од Европа, главна точка е електричната варијанта на Suzuki Jimny која е прикажана со осветлена решетка и модерна LED графика на тркалезните фарови. Во моментов нема никакви информации за моделот, но се очекува тој да ја задржи Body-on-frame архитектурата и поголемиот дел од неговиот надворешен и внатрешен дизајн, иако со освежување. Покрај ЕВ, Suzuki планира и блага хибридна верзија на Jimny, што ќе му овозможи да се продава во Европа како патничко возило (сега се нуди во форма на LCV со две седишта поради регулативите за емисија на штетни гасови).

Покрај Jimny, Suzuki ќе понуди уште еден SUV што се чини дека е Suzuki Fronx. Моделот беше откриен претходно овој месец во Индија, но се чини дека јапонскиот производител планира да понуди ЕВ варијанта во Европа. На фотографијата се наоѓаат уште два SUV модели – едниот од нив е непознат, а другиот изгледа како сериската верзија на концептот eVX. Конечно, има градски автомобил кој се чини дека е помал од моментално достапниот Ignis, со што се заокружуваат петте дебитантски возила со електричен погон.

eVX е подготвен за производство

Првиот електричен Suzuki во Европа ќе пристигне до 2024 година, додека производителот на автомобили веќе потврди дека eVX подготвен за производство се очекува во 2025 година. Suzuki сака електричните возила да сочинуваат 80% од неговата европска линија до 2030 година, а останатите 20% да бидат хибридни.

За својот домашен пазар во Јапонија, Suzuki најави шест лансирања на ЕВ. Јапонија ќе го добие својот прв ЕВ од Suzuki во 2023 година, што е една година порано од Европа. Поради различните регулативи за емисија на штетни гасови, Suzuki сака електричните возила да сочинуваат 20% од нејзината јапонска понуда до 2030 година, а останатите 80% да бидат хибриди.

Suzuki сака да постигне CO2 неутралност до 2050 година во Јапонија и Европа, а до 2070 година во Индија каде што транзицијата на ЕВ напредува многу побавно. Горенаведените цели не се само за автомобилскиот сектор на Suzuki, туку и за мотоциклите и поморските производи. Кога станува збор за мотоциклите, компанијата ќе претстави 8 нови целосно електрични мотоцикли до 2030 година, кога процентот на нејзините електрични и мотори со согорување на глобална основа ќе биде 25% и 75%, соодветно.

Поврзани вести

Back to top button