fbpx

Suzuki Swace пристигнува во Европа

Јапонскиот производител Suzuki го прикажа моделот Swace наменет за европскиот пазар кој е резултат на соработката со Toyota

Suzuki Swace е всушност базиран на Corolla во караванско издание и е плод на широката соработка на двата јапонски производители. Suzuki Swace ќе претставува еден вид „препакуван“ модел на Toyota. На европскиот пазар ќе се продава како хибриден автомобил со моќност од 122 КС.

Очекувано, Suzuki Swace се соочи со неколку визуелни промени. Тоа пред сѐ се однесува на надворешноста, каде што ќе добие изменет браник и светлосни групи. Поголеми промени се очекуваат во внатрешноста на возилото. Јапонскиот производител ги претстави првите фотографии од автомобилот, кој е вториот модел по Suzuki Across, кој е базиран на еден автомобил на Toyota.

Suzuki Swace

Останува да се види и каква ќе биде цената на овој автомобил на Suzuki. Toyota нагласи дека нема да дозволи жестока конкуренција на Corolla. Интересно е да се напомене и дека не се зборува за некои други потенцијални моторни единици за Swace, туку исклучиво за хибрид со 122 КС. Погонската поставка се состои од 1,8-литарски бензински мотор со 98 КС и електромотор со моќност од 72 КС. Според информациите, потрошувачката изнесува 4,5 литри на 100 километри, а емисијата на CO2 е 77 грами по километар според NEDC.

Не е исклучено ова да биде и единствената погонска опција за моделот. Причина е пристигнувањето на новите правила за флотната емисија во Европската унија, а Suzuki нема простор да ја „оптовари“ својата гама со голем број агрегати.

Со оглед на тоа дека Swace е практично Corolla со Suzuki лого, капацитетот на багажникот е идентичен со 596 литри. Меѓуосовинското растојание кај двата автомобили е 2.700 милиметри. За жал, Suzuki се уште не ги открива сите информации за Swace. Познато е дека ќе има адаптивен темпонат, клима-уред и 8-инчен екран на допир со Bluetooth, Apple CarPlay и Android Auto како стандардни.

Како и да е, Suzuki ја најави премиерата на моделот Swace во текот на оваа есен. Затоа, повеќе информации за моделот се очекуваат во следниот период. Продажбата треба да започне оваа зима.

Поврзани вести

Back to top button