fbpx

Suzuki Swift со освежување во Европа за 2021

Субкомпактниот хечбек на Suzuki, моделот Swift, мина низ рестилизација и освежување на средина од животниот век

Suzuki подготви неколку освежувања за својот Swift за 2021 година. Визуелните промени се скромни, но сепак присутни, а се истакнува променетата предница која носи нешто поизменета решетка и предни светла, а како стандардни се LED предните и задните светла кои претходно беа резервирани за SZ5 моделите.

Suzuki Swift

Унапредена верзија на 1,2-литарскиот мотор исто така е вклучена, а истиот развива 83 КС и 107 Nm максимален вртежен момент. Спринтот од нула до „стотка“ го стигнува за 12,2 секунди кога е во комбинација со опционалниот CVT менувач. Хибридната варијанта исто така мина низ ревизија, сега добивајќи литиум-јонска батерија со поголем капацитет, од 3Ah на 10Ah, а тоа резултира со потрошувачка од 4,9 литри на 100 километри според WLTP стандардите, притоа емитувајќи 111 g/km CO2. AllGrip системот за погон на сите четири тркала е се уште достапен, иако како опција во SZ5 нивото.

Suzuki Swift

Кога станува збор за нивоата на опременост, Suzuki Swift 2021 се нуди во SZ-l, SZ-T, SZ-T CVT, SZ5, SZ5 CVT и SZ5 AllGrip во Велика Британија. Цените стартуваат од околу 14.749 фунти за базичниот модел, па се до 18.749 фунти за верзијата со погон на сите четири тркала.

Сите модели се опремени со клима-уред, Smartling екран со DAB радио, задна камера, упраувач обложен сокожа, адаптивен темпомат и 16-инчни тркала. SZ-T додава предупредување за напуштање на коловозната лента, Dual Sensor Brake Support, Rear Cross Traffic Alert, монитор за слепа точка, препознавање на сообраќајните знаци и задни паркинг сензори. SZ5 вклучува автоматска контрола на клима-уредот, бесконтактно влегување и возење на автомобилот, телескопски управувач и индикатори за насока на ретровизорите.

Поврзани вести

Back to top button