fbpx

Светлата на Volkswagen ќе насликуваат симболи на патот

Германскиот производител Volkswagen претстави LED технологија на иднината. Таа ќе може да цртa симболи на асфалтот пред автомобилот, како и да ги покажува на самите фарови и на тој начин да ги предупредува останатите учесници во сообраќајот.

Основата на технологијата е една од најновите на Фолксваген – LED светла кои користат 30.000 пиксели. Тие овозможуваат асфалтот да биде дизајниран со различни симболи. На пример- линии што потсетуваат каде гази возилото или испуштаат каква било пречка на патот.

Слична технологија претходно оваа година претстави и Mercedes-Benz. Со тоа што новите светла можат да поектират предупредувачки знаци – знаци за ограничување на брзината или делови кои се во поправка, а исто така и да го покажуваат растојанието со возило напрад или локацијата на пешак.

симболи

Volkswagen покажа и уште една новина – матрични LED задни светла. Тие можат да цртаат на патот линии, да ја измерат траекторијата на паркирање, а со користење на мобилна апликација, фаровите може да ги менуваат сликите. Покрај тоа, тие ќе можат да ги предупредат возилата од позади.

Поврзани вести

Back to top button