Светот нема доволно литиум за сите планирани електрични возила
Стотици рудници и за ретки метали и минерали, не само литиум, недостасуваат за да се задоволи побарувачката за производство на ЕВ
Литиумската индустрија, каде доминацијата на Кина е особено изразена, треба да инвестира 116 милијарди долари до 2030 година за да ги исполни сите цели поставени од државните влади и автомобилските производители. Недостижна бројка, според експертите во една неодамнешна студија.
– Речиси е невозможно и дефинитивно е трка со времето – изјави Benchmark, компанијата која ја подготви студијата.
Тие 116 милијарди долари треба да одат за изградба на нови рудници и рафинерии, како и за проширување на постоечките средства. Земајќи ги предвид целите за производство на електрични возила, како и податоците од Меѓународната агенција за енергија за политиките на секоја земја, ќе бидат потребни 5,3 милиони тони литиум карбонат за да се исполнат плановите. Оваа бројка е далеку над моменталната достапност на овој клучен материјал за електричните возила, која не достигнува ниту еден тон.
Повеќето производители ја поставија 2030 година како граница за крај на производството на возила со внатрешно согорување, по што најголемиот дел од брендовите ќе станат целосно и исклучиво електрични. Консултантската куќа предвидува дека ќе бидат потребни 7,0 TWh (терават-часови) батерии за да се постигне таа цел. Проблемот е што прогнозата за производство е само 3,2 TWh литиум-јонски батерии.
Всушност, во истражувањето и во студијата е истакнато дека недостасуваат стотици рудници за ретки метали и минерали, не само за литиум, за да може да се задоволи побарувачката на пазарот. Најновите трендови што ги гледаме во автомобилската индустрија ги елиминираат посредниците и купуваат директно од рударски компании, како и стекнување компании кои се посветени на ископување литиум. Дали тоа ќе биде доволно?!