fbpx

Tata претстави SUV врз основа на Land Rover

Tata, вториот по големина производител во Индија, има сериозен настап на Салонот за автомобили во Делхи, односно производителот покажа дека имаа амбиции да стане лидер на ова поле во својата земја

Интересно, компанијата не презентираше сериски модели, но концепти кои ја демонстрираат транзицијата кон ново ниво на дизајн и технологија. Кросоверот Tata H5X и хечбекот Tata 45X се првите автомобили на брендот со новиот дизајнерски ористап Impact Design 2.0. Тој се базира на повеќе хоризонтални линии и двојна LED оптика.

TataОсновата на Tata H5X, која е долга 4600 mm, е платформата од Land Rover Discovery Sport со попречен мотор. Ова е прв пат Индијанците ја користат технологијата на британскиот производител, во чија сопственост е веќе 10 години. Сепак, ова важи само за платформата, бидејки моторот Ingenium не е вграден во H5X, туку 2.0-литарскиот Fiat Multijet II Turbo Diesel, со две нивоа на моќ со 140 или 170 КС.

Компанијата стави до знаење дека серискиот модел ќе наликува на концептот, повеќе од 80%. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу 5 или 7 седишта, како и погон на предните или на сите четири тркала. Почетокот на продажбата е планиран за почетокот на 2019 година.
Tata

Хечбекот Tata 45X ќе биде достапен од летото 2019 година, а моделот ќе му конкурира на Suzuki Baleno и Hyundai Elite i20. Должината на возилото ќе биде околу 4 метри, врз основа на модуларната AMP платформа (Advanced Modular Platform), која може да се користи и за хибриден и за електричен погон. Првично, моделот ќе биде достапен со 1,2-литарски бензински мотор и 1,5 турбо дизел. За моделот е подготвен селективен роботизиран менувач со две спојки.

Поврзани вести

Back to top button