ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Porsche Taycan веќе ги краде купувачите од Tesla

Првиот во историјата електричен автомобил на Porsche - Taycan, сè уште не e стигнат до дилерите на компанијата веќе го исполнува првото производство

Првиот во историјата електричен автомобил на Porsche – Taycan, сè уште не e стигнат до дилерите на компанијата, а клиентите веќе покажуваат огромен интерес за него. Ова го откри претседателот и главен извршен директор на американската подружница Клаус Целсер преку Carscoops.

taycan-vs-tesla-s
Според највисокиот менаџер, ако сите луѓе го купат Taycan однапред, ќе ги завршат едногодишните планови на моделот. Целсер додаде и дека повеќе од 50% од клиентите на новиот електричен автомобил досега не биле клиенти на Porsche.

taycan-vs-tesla-s
„Претходно повеќето наши нови клиенти беа сопственици на моделите на Audi, BMW и Mercedes. Но, со промоцијата на Taycan работите се различни – повеќето кои сакаат да го купат овој модел, се клиенти на Tesla“, објасни шефот на американската филијала на Porsche. Целмер рече дека во неговата компанија токму Tesla Model S ја сметаат за главен конкурент на пазарот и воопшто не се загрижени од своите ривали со друг електромобил кој ќе се појави наскоро – Audi e-tron GT. Овој модел ја користи истата платформа како Тајкан.
„Ова се сосема различни автомобили. Ако Audi e-tron GT треба да биде извонреден во возењето, на тоа Tayacan ќе додаде далеку поголемо спортско чувство“, објасни топ-менаџерот на Porsche.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close