fbpx

Иџе седми, Давидовски 16-ти на „Пол Рикар“

Во дебито во Европскиот TCR-шампионат, во првата тркоа сезонава која се возеше на патеката „Пол Рикар“ во Франција, Игор Стефановски се пласираше на седмото, а вториот наш возач, Виктор давидовски на 16-то место

На отворањето на сезоната популарниот Иџе, се „судри со судиите“, кои по детални анализи неговото второ време во квалификациите, кое му беше и најдобро постигнување на патеката, му го „поправија“, па во главната трка стартуваше од 11-тата позиција. Но, сепак возеше мошне храбро, во негов стил, потврдувајки дека неговото Hyundai е навистина добро подготвено, па на крајот трката ја заврши како седмопласиран.

Вториот наш возач во ова натпреварување, Виктор Давидовски имаше проблеми во квалификациите, но и тој возеше мошне солидно, исто така и неговата Honda ги потврди вредностите и заврши како 16-ти. Ова е сефте за Давидовски на едно вакво официјално натпреварување, па со оглед на конкуренцијата, ова е добро постигнување.

„Пол Рикар“

Инаку, првата трка од шампионатот ја освои српскиот возач Душан Борковиќ, кој стартуваше од пол-позицијата, а друштво на пиедесталот во Франција му правеа Унгарецот Даниел Наѓ, кој лани беше во друштво со Иџе во ETCC шампионатот и Шпанецот Микел Аскона.

Втората трка е на програмата утре со почеток од 15:50 часот.

Поврзани вести

Back to top button