Темелно освежување за Opel Crossland

Opel официјално го претстави темелно освежениот Crossland кој добива неколку модерни ажурирања за моделската година 2021

Станува збор за значително, важно и темелно рестилизирање на Opel Crossland. Сето тоа се рефлектира и со името на моделот, каде што суфиксот X повеќе не се појавува. Кога станува збор за екстериерот, главна одлика е новиот Opel Vizor лик, првично претставен со целосно новата Mokka-e. Новиот Vizor го прекрива целиот преден дел, интегрираната решетка и предните светла со што визуелно се проширува предницата. Предиот браник исто така добива нов изглед кој е поагресивен благодарение на поголемата и поширока долна решетка.

Crossland

На задниот дел, тука се новите затеменети светла и горниот дел од задната страна која е во сјаен црн финиш и се нуди во комбинација со иста боја на покривот. Со ова, освежениот Crossland добива еден поинаков изглед. Исто така новина се и LED магленките со хромиран декор и хромираните украси кои се дел за моделите со највисоко ниво на опременост.

Crossland

За комплетирање на надворешниот изглед се неколкуте 16 и 17-инчни дизајни на тркалата од лесна легура со сребрен, црн и двобоен финиш. Исто така, тука е и новото трим ниво за Opel Crossland наречен GS Line+. Овој трим носи црни 17-инчни тркала од лесна легура, црн покрив, ергономски предни седишта со AGR сертификат, LED стоп светла и кровни шини.

Во внатрешноста, работите остануваат во главно исти. Сепак, освежениот Opel Crossland нуди можност за Multimedia Navi Pro 8-инчен екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto конективност, како и истите практични карактеристики.

Crossland

Од Opel велат дека шасијата на Crossland е унапредена со нов систем на потпирање. Во комбинација со новиот управувач, унапредената шасија носи „оптимален баланс на комфорт и агилност“.

Купувачите исто така ќе можат го изберат и опционалниот IntelliGrip систем за адаптивна контрола на влечење за „оптимално влечење и стабилност на сите видови површини“. Системот нуди пет режими – Normal/On-Road, Snow, Mud, Sand и ESP Off.

Кога станува збор за моторните единици, бензинскиот опсег останува непроменет. Тука се 1,2-литарскиот трицилиндричен мотор со 83 КС, како и двата 1,2-литарски турбо трицилиндрични мотори со 110, односно 130 КС. Базичниот мотор е поврзан со петстепен мануелец, а турбо моторот со 110 КС добива шестстепен мануелец. Опцијата со 130 КС може да се добие со шестстепен мануелен или шестстепен автоматски менувач. Освежениот Crossland исто така ги добива и истите дизел мотори со различна моќност. Тука е верзијата со 110, како и онаа со 120 КС. Опцијата со 110 КС добива шестстепен мануелен, додека онаа со 120 КС добива шестстепен автоматски менувач.

Crossland

Opel наскоро ќе започне да прима нарачки за освежениот Crossland. Автомобилот се очекува да пристигне во продажните салони кон почетокот на 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button