fbpx

Маск не се откажал од системот за замена на батериите

Пред три години, Tesla излезе со идеја за брзо заменување на испразнетите батерија со нови за само неколку минути, наместо за полнење неколку часа

По одреден период таа повторно заживува и поднесена е Патентната апликација од калифорнискиот производител.

По скоро една година, компанијата изгледаше дека се откажа од оваа идеја, но сепак, производителот на автомобили сè уште размислува за нејзината можна примена, а дека е така може да потврди фактот дека е поднесена пријавата за за нејзино патентирање. Процесот, како што наведуваат експертите од Tesla би се реализирал со специјален мобилен уред за брза, 15-минутна замена на батеријата. Уредот исто така е пријавен во американското патентно биро. Патентот опишува рампа на која Model S или Model X може да се подигнat, по што машината им помага на техничарите во процесот на замена на батериите. Тогаш автомобилот продолжува со новата целосно наполнета батерија. Самата рампа може лесно и брзо да се премести на друга локација погодна за сопствениците на Теслините модели. Целта на оваа услуга е да се елиминира долго време за полнење на електричните возила и брзо да се продолжи со патувањето со свежо наполнета батерија.
батерија
Проблемот зошто Tesla првично се откажа од оваа идеја беше во скапиот и еднократна автоматска станица за замена на батерии. Само на 4-5% од сопствениците им се допадна овој режим на полнење, бидејки требаа да платат 60 до 80 долари за промената и неопходно да се вратат на истото место за да ја вратат батеријата. Новиот патент нуди поинакво решение – мобилна замена на батерии, како и можност за замена на батериите од поголеми комерцијални електрични автомобили. Компанијата планира да го претстави ова во октомври оваа година.

Поврзани вести

Back to top button