fbpx

Tesla Cybertruck доби своја вселенска верзија

Доколку сметавте дека Tesla Cybertruck делува чудно, веројатно не сте осамени, а оваа „верзија“ делува далеку понормално во својата „природна околина“ - Месечината

Елон Маск не само што има за цел да ги направи сите Tesla автомобили технолошки напредни и целосно електрични, туку тој исто така цели кон ѕвездите со намера да ги колонизира останатите планети благодарение на SpaceX. Благодарение на овие рендери кои се појавија на интернет, изгледа дека тој може да ги направи двете работи истовремено инкорпорирајќи ги Tesla и SpaceX во едно преку контроверзниот Cybetruck.

Имено, на интернет се појави интересен рендер од Tesla Cybertruck со шест тркала во улога на „moon rover“ или возило за месечината. Овој Tesla Cybertruck Lunar Edition делува сосема нормално и природно на површината на месечината, со своите чудни тркала, сателитската чинија на задниот дел и суптилните налепници на SpaceX и американското знаме.

https://www.instagram.com/p/CBDztcyntBR/?utm_source=ig_embed

Овој автомобил толку добро прилега на месечината што дури се поставува прашањето дали Tesla всушност го замислила чудниот Cybertruck токму за оваа улога. Дефинитивно изгледа подобро на Месечината отколку што би изгледал заглавен во сообраќај, иако се е работа на вкус.

https://www.instagram.com/p/CA-rvdtHYNu/?utm_source=ig_embed

Артистот кој го создаде овој изглед навистина се потрудил за да го направи сето ова реалистично со масивните гуми со интересен дизајн, засилените светла како и комуникациската антена, а токму деталите се она што ги прави овие рендери толку привлечни за јавноста. Самиот автор на овој рендер истакнува дека не е ниту дизајнер на лунарни возила, ниту инженер, поради што не сака да проценува колку е комплицирано и дали воопшто е возможно да се направи ваква верзија на Cybertruck.

SpaceX досега нема објавено никакви официјални соопштенија за развој на лунарен ровер за идните планирани мисии, но двете компании на Елон Маск сериозно би можеле да го земат ова во предвид за во иднина.

Поврзани вести

Back to top button