Маск открива – Серискиот Cybertruck ќе има подобар изглед

Првиот човек на Tesla потврди дека сериската верзија на Cybertruck ќе изглед нешто подобро, односно поубаво од моделот кој беше промовиран

Шефот на компанијата Tesla, Илон Маск, преку своето омилено средство за комуникација, Twitter, одговори на прашањето за конечниот изглед на пикап моделот на Tesla, Cybertruck кој треба да се појави идната година. Тој посочи само кратко дека Tesla Cybertruck „ќе изгледа малку подобро“ од првичниот модел кој беше дел од презентацијата пред неколку месеци. Ова сепак е нејасна изјава од страна на Маск, а одреден број лица уште во ноември минатата година зборуваа за евентуални промени на дизајнот на овој автомобил

Јасно е дека е неопходно да дојде до некои промени, пред се на надворешноста, бидејќи ваквиот Cybertruck тешко ќе ги мине хомологациските тестови на одредени пазари, пред се во Европа. Европските стручњаци сметаат дека предниот дел на пикапот од Tesla е небезбеден за пешаците во случај на судир, односно дека би можел да предизвика сериозно тешки повреди.

Tesla секако се уште има доволно време пред себе за да ги исправи сите недостатоци кога станува збор за својот Cybertruck. Најмоќната верзија на овој модел со три електромотори ќе се најде во продажба дури кон крајот на 2021 година, додека верзијата со две погонски единици ќе пристигне на пазарот во 2022 година. Според последните информации, Tesla има повеќе од 535.000 резервации за електричниот пикап.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close