fbpx

Tesla е чекор поблиску до отворање на првата фабрика во Европа

Компанијата Tesla се сложи да купи имот во околината на Берлин, што е дополнителен чекор кон отворањето на нејзината прва фабрика во Европа

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla соопшти дека ќе изгради огромна фабрика во Гринехајд во германската покраина Бранденбург, што на неговите производи ќе му обезбеди „Made in Germany“ етикета, додека ривалите од оваа земја се подготвуваат да лансираат конкурентни модели.

Одборот на директори на Tesla го одобри купопродажниот договор со Бранденбург, поврзан за купување на земјиште со површина од 300 хектари. Финансискиот комитет на покраинскиот парламент веќе ја одобри продажбата за 9. јануари.

Во договорот се споменува прелиминарна цена на имотот од 40,9 милиони евра, која може да се промени доколку надворешната ревизија пружи поинаква вредност.

Земјиштето се наоѓа во предвидена индустриска зона каде се направени проверки за заостанато оружје од Втората светска војна, односно неексплодирани американски бомби.

Политичарите, синдикатите и индустриските групи го поздравија потегот на Tesla, кој би требало да креира 7.000 нови работи места во Бранденбург. Сепак, околу 250 локалци излегоа на улиците протестирајќи од страв дкеа фабриката би можела да го загрози снабдувањето со вода, како и дивите животни во околната шума.

Поврзани вести

Back to top button