fbpx

Само еден камион на Tesla ќе користи струја за околу 4.000 домаќинства

Неодамна воведениот електричен камион Tesla, чија подобрена модификација ќе може да патува околу 800 километри со едно полнење, ќе му треба за овој процес електрична енергија, која би ги задоволила потребите на околу 4.000 домаќинства

Според испитувањата на Aurora Energy Research, објавени од Financial Times, за полнењето од 30 минути, кое ќе обезбеди околу 650 километри автононија, потребни се 1600 kW. Така, новите специјални станици за полнење на Megacharger ќе треба да испорачуваат 10 пати повеќе количество на енергија од капацитетот на полнење на конвенционалниот систем од Tesla.

енергија

Информацијата беше презентирана од Џон Федерсон, директор на истражувачката компанија, на конференцијата во Лондон. Федерсон потоа рече дека е потребна подетална дебата за развојот на електрични возила, но паралелно и за електрична мрежа. Според експертите, се прават анализи, а за полнењето на камионот за половина час, е потребна технологија која сè уште не постои.

енергија

Засега, Tesla одби да коментира на оваа тема. Во претходните изјави, основачот на компанијата, Илoн Маск, покажа дека Megacharger ќе користи соларен панел за полнење. Од друга страна, голем дел од системот за полнење на Tesla е делумно напојуван од обновлива енергија, а производителот во моментов тестира и специјални батерии за полнење.

Kамионoт ќе биде достапен на пазарот во 2019 година. Се верува дека до тогаш компанијата нa Мaск ќе започне со инсталирање на системот Megacharger.

Поврзани вести

Back to top button