fbpx

Tesla Model 3 со одлични резултати на Euro NCAP

Резултатите на Model 3 се совпаѓаат со оние што ги доби Mercedes-Benz A-Класа, најбезбедниот автомобил тестиран во 2018 година

Веќе е добро познато дека Model 3 е еден од најбезбедните автомобили на пазарот во светот. Но, бидејќи не беше лансиран во Европа до неодамна, безбедноста не можеше да биде проверена и од Euro NCAP. Бар до сега. Тестовите од европската организација, едни од најтешките во светот, потврдуваат дека популарниот модел на Tesla се совпаѓа со најдобрите автомобили што некогаш подлежеле на ваквите тестирања.

Tesla Model 3

Model 3 нуди речиси иста заштита за возрасните патници како Mercedes-Benz A-Класа, најбезбедниот автомобил тестиран од Euro NCAP во 2018 година. И двата добиле резултат од 96 проценти. На safety assist тестот, Model 3 со 94 проценти ја надминува А-Класата, која има резултат од 75 проценти. Кога станува збор за заштита на децата и ранливите учесници во сообраќајот, германскиот автомобил добива подобри резултати, односно 91 и 92 проценти соодветно, наспроти 86 и 74 проценти за Model 3.

Важно е да се напомене дека тестираниот примерок на Model 3 е Long Range RWD, кој не е опремен со воздушни перничиња за колената, ниту со дополнителни станични перничиња. Ова најверојатно е причината за релативно нискиот резултат за заштита на децата.

Поврзани вести

Back to top button