ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Tesla Model S прогласен за автомобил на деценијата

Иако оваа деценија сеуште не ниту при крајот, но возило која ја одбележа истата е веќе избрано. Тоа е Tesla Model S, кое го доби овој епитет и признание од компанијата Hagerty - најголемиот осигурител на колекционерски автомобили во светот.

Hagerty има своја листа на „Најголемите автомобилски остварувања”, која ги одразува клучните моменти во индустријата. Таа започнува со Ford Model T кој го симболизира периодот 1900-1910 година, а завршува со Tesla Model S , кој според претставникот на компанијата, Ендрју Њутн, е првиот пример дека електрични можат да бидат не само економични и еколошки, туку исто така спортскии, елегантни, скапи…

Тesla  го направи првиот вистински импресивен електричен автомобил во светот и нашиот избор е логичен. Ова е најрадикалниот пример за еволуцијата на транспортот во последниве години. Model S ќе биде запаметен како модел поради кој луѓето ги засакаа електричните автомобили. Затоа  неговото место на оваа листа е сосема логично заслужено, објасни Њутн.

Листата вклучува различни машини, а единствениот заеднички параметар е моделот да одиграл важна улога во историјата на автомобилската индустрија и култура. Во него влегуваат автомобили како хот-роудерот Duesenberg Model J, легендарниот теренец Jeep CJ- симболот на 80-тите години, миниванот Dodge Caravan…

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close