fbpx

Тesla Model S подобра од Mercedes S-класа и BMW 7 во Европа

Историско достигнување за Американците во 2017 година, според статистиката на ЈАТО

За прв пат Tesla има продадено повеќе автомобили во сегментот на луксузни лимузини во Европа од германските конкуренти Mercedes, BMW и Audi, тврдат пазарните аналитичари од JATO Dynamics.

ЈАТОНајпродаваната премиум лимузина во Европа во 2017 година е Tesla Model S, според анализите на JATO Dynamics. Продажбата на Model S на американскиот производител на електрични скокнаа за 30% минатата година, или пласирани се вкупно 16.132 единици.

За споредба од Mercedes има реализација од својата Ѕ-класа од 13.359 (+ 3%), а BMW – 11.735 примероци од Серија 7 (- 13%). Ова е навистина историско достигнување за компанијата на Илон Маск, која досега ги има надминато германските конкуренти само на американскиот пазар.

И таму Моделот S е лидер во сегментот за лани, со 28.800 продажби, пред Cadillac XTS (16.275) и S-класа (15.888). Во Европа добро се претстави и кросоверот Tesla Model X, со вкупно околу 12.000 продажби, колку Porsche Cayenne и за 2 000 примероци повеќе од BMW X6.

ЈАТО

Објаснувањето е поради затегнувањето на даночните олеснувања на пазари како холандскиот каде до 2016 година државата даваше дарежлив попусти за плаг ин хибриди и електрични возила. Во 2017 година, попустот беше само за чисти електрични возила, а Германците немаа слични модели во луксузниот D-сегмент.

ЈАТО

Некои се прашуваат како Теслиниот модел S може да се спореди со премиум лимузините и покрај тоа што има висока цена, а е и за 11 cm помал од кратката верзија на S класа, за 13 cm пократок од Серија 7 и со 15 cm под претходната генерација на Audi A8.

Затоа европските производители се обидуваат да го забрзаат развојот на електрични модели. Аudi ќе го претстави својот прв голем електричен автомобил – e-tron Quattro, во август во Брисел. Пред тоа, Jaguar ќе дебитира во Женева со I-Pace. Исто така, се очекува дебито на електричната Е Mission на Porsche, директен конкурент на Tesla Model S.

Единствено останува прашањето дали Tesla ќе може ова да го претвори својот успех на пазарот во профит. Досега, компанијата е во загуба, а во 2017 година нејзиниот негативен резултат достигна 2 милијарди долари. „Лесно е да се произведуваат електрични автомобили, тешко е да се заработат пари од нив”, истакна директорот за развој на BMW, Клаус Фролих.

Поврзани вести

Back to top button