fbpx

Tesla ја намалува цената на Model 3

Во октомври минатата година, производителот започна со испорака на верзијата со средниот опсег која поминува 418 километри во основната верзија за 45.000 долари, но само една недела подоцна моделот се зголеми на 46.000 долари

Од почетокот на 2019 година, федералната субвенција за електромобили е намалена за половина – од 7.500 до 2.500 долари, што доведе до намалување на цената на 44.000 долари. Сега има нова промена и основата цена на Model 3, сега е достапна за 42.900 долари.

Интересно е дека почетната цена на Model 3 почнува од 34.550 долари, со вклучен федерален попуст од 10.000 долари, а шефот на компанијата, Илон Маск, вели дека ако се земе во предвид економичноста на горивото, Tesla Model 3 чини само 31.000 долари.

Сите овие цени, сепак, се прават од страна на одделот за финансии на компанијата, а вистинската состојба во моментот е дека Model 3 во САД, всушност е намален од 45.000 на 42.900 долари. Ова, се случува во време на укинување на станицата Tesla, која корисниците имаа право да ја користат 6 месеци по купувањето на електричниот автомобил на брендот.

Освен бесплатно полнење, купувачите на Tesla исто така добија и други бонуси – учествуваа во корпоративни настани и испраќаа фотографии во вселената. Сето ова е премногу за компанијата и наместо нив, цената на Model 3 е малку намалена.

Патем, европејците сè уште немаат пристап до најевтината верзија на електричниот автомобил. Достапна е само верзијата со долг опсег со километража од 560 км, но и е значително поскапа отколку во САД.

Во Норвешка, на пример, најприфатливиот Model 3 чини 46.900 евра (53.450 долари). Француските корисници треба да платат минимум 53.500 евра (60.950 долари), а оние во Португалија 60.200 евра (68.600 долари).

Поврзани вести

Back to top button