fbpx

Tesla останува без пари до крајот на годината?!

Производителот на автомобили Tesla губи по 6.500 долари секоја минута, објави информативната агенција Bloomberg

Според анализите, ако Tesla продолжи да губи средства со исто темпо, тогаш марката ќе имa финансиски средства за до крајот на годината. И покрај објавата дека автомобилскиот производител евидентира најдобро тримесечие во историјата, сепак компанијата сè уште не успева да ја покрие саканата норма со која ќе почне да бележи позитива, од 2500 произведени бројки Model 3 седмично.

Негативното влијание од најавите дека неможе да се постигнат посакуваните остварувања, придонесе за намалена цена на акциите, од септември минатата година до сега е регистриран пад од близу 24%. Bloomberg посочува дека, освен што има загуба од 9.360.000 долари за ден, марката има и негативни приходи за петте тримесечија по ред. Во пресрет на алармантната статистика, постои веројатност Tesla да успее да излезе од кризата.

Со појавата на електричниот камион, како и на новиот Roadster, производителот може и да успее да покрие дел од загубите. Компанијата многу полага надежи и во идниот модел – кросоверот Tesla Модел Y.

Tesla
Tesla Model Y

Поврзани вести

Back to top button