ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Tesla сака да се вклучи во европската мрежа на станици

Американскиот производител Tesla Motors започна преговори за пристапување кон европската мрежа за станици за супер-брзо полнење на електрични возила Ionity

Тоа го објави германското издание Süddeutsche Zeitung, според кое интерес за проектот пројавуваат уште компаниите Volvo, Fiat Chrysler, PSA Group и Jaguar Land Rover. Мрежата Ionity е создадена заеднички од BMW, Daimler, Ford, Audi и Porsche, а плановите се во 2020 година таа да се состои од 400 станици за полнење, секоја со моќност од 350 kW. Еден уред ќе може да напојува до 6 автомобили одеднаш. Првата станица беше отворена минатата недела во Германија. Полначот работи според комбинираниот стандард CCS, кој се одржува од електрични возила на повеќето производители, вклучувајки и Tesla.

Tesla

Американците нудат не само CCS адаптација, но исто така и автомобилски полначи со постар CHAdeMO стандард. Во моментов, Тesla е единствениот производител на електрични возила ширум светот, кој има своја сопствена мрежа на станици за полнење – Supercharger. Тие нудат максимум од 145 kW (не повеќе од 120 kW по автомобил). Сепак, моделите од другите брендови не можат да се полнат на овие уреди.

Штабот на Ionity се наоѓа во Германија, а првите 20 станици ќе се распоредат по автопатите на Германија, Норвешка и Австрија на растојание од 120 километри една од друга. Тие ќе бидат поставени на територијата на проектните партнери како што се Tank & Rast, Circle K и OMV.

Tesla

Клучни зборови

Поврзани вести

Close