Тест BMW Серија 3: Стари навики, ново руво

Од претставувањето во 1975 година, Серија 3 стана заштитен знак на германскиот гигант. Редизајнирана за 2019, популарната „тројка“ влегува во својата седма моделска генерација, која носи неколку новини кај еден од најомилените модели на BMW

zlatno trkalo finalist

BMW Серија 3 влезе во својата седма генерација. За 44 години откако оригиналниот Е21 ја замени 02 Серијата, повеќе од 15 милиони „тројки“ се продадени низ седум моделски генерации. Иако глобалниот маркет е зголемено „населен“ од SUV и кросовери, само поголемата Серија 5 забележала повеќе продажби за BMW во 2018 година и тоа само за 0,8 проценти. Од своето претставување Серија 3 не само што стана заштитен знак на гигантот од Минхен, туку и мерка според која конкурентите во компактната „бизнис“ класа се споредуваат и се водат на многу начини.

Совршена комбинација на комфор, перформанси и престиж

BMW испорачува насмевки на лицата на возачите уште од воведувањето на Серија 3 во 1975 година. Можеби баварскиот гигант имал и некои промашувања во текот на годините, но старите навики умираат тешко, а денес е факт дека оние кои уживаат во возењето, сакаат да возат BMW Серија 3.

Свежо редизајниран минатата година, BMW Серија 3 продолжува да ја обезбедува најдобрата комбинација на удобност, перформанси и престиж што ќе ја најдете меѓу малите луксузни спортски седани. Овој нов модел на седмата генерација е 3 инчи подолг и 1,5 инчи поширок од претходно, но без дилеми останува агилен и стабилен како и секогаш.

Нов изглед, со примеси на својот претходник

Во однос на својот претходник, новата Серија 3 доаѓа со целосно нова естетика. Поседува голем дел од дизајнерските елементи од моделот во заминување, особено решетката и сличната форма на фаровите. Задниот дел од новата Серија 3 има светла во форма на буквата L, а целиот автомобил има малку повеќе чист и кохезивен дизајн во однос на претходната генерација. Големината на двата автомобили исто така се разликува. Новиот модел на Серија 3 е повисок и поширок за помалку од еден инч и е околу три инчи подолг од Серија 3 од минатата генерација. Можеби ќе биде потребно да се погледне внимателно за да се забележи дека новата Серија 3 има нов екстериер, но општ впечаток е дека новата „Тројка“ е поубава од верзија во заминување.

Надворешност 1/4 |  
Надворешност 2/4 |  
Надворешност 3/4 |  
Надворешност 4/4 |  

     

    Кога станува збор за ентериерот, тука се забележливи поголеми промени кај моделот отколку кај надворешноста. И претходниот и новиот модел имаат чисти внатрешни дизајни, но внатрешноста на новиот модел делува помодерно со целосно дигитална инструмент табла со поинтегриран инфозабавен систем во центарот на предниот дел од кабината.

    Клучот во нејзиниот шарм и привлечност се поголемата и поцврста шасија и систем на потпирање и управување, кои ги затегнуваат веќе значителните перформанси за ракување со Серија 3. Четирицилиндерскиот 330i мотор со турбо-полнење кој се наследува од претходниот модел, добива нешто повеќе коњски сили и зголемен вртежен момент на ниско ниво, а за 2020 година пристигнува и V6 опција на моторот кој се враќа во новиот M340i.

    Внатрешност 1/3 |
    Внатрешност 2/3 |
    Внатрешност 3/3 |

       

      Мануелниот менувач заминува во историјата

      Исклучителниот 2.0 четирицилиндерски мотор го напојува BMW 330i во 2020 година. Опремен со единечен турбо-полнач, кој произведува 255 КС. За поголема брзина, новиот BMW M340i за 2020 година е опремен со турбо-полнач и моќност од 382 КС. BMW повеќе не ја нуди Серија 3 со мануелен менувач, што сигурно ќе „избрка“ некои од долгогодишните лојални вљубеници на седанот. Наместо тоа, секоја Серија 3 на BMW од 2020 година добива осумстепен автоматски ZF менувач со Sport режим, како и мануелен режим.

      И покрај својата моќ и мускулетост, Серија 3 сè уште е вистински разумен седан. Новиот модел ги задржува обележјата на Серија 3 за удобност и квалитет на ентериерот. Во него ќе пронајдете спортски седишта, импресивни екрани на допир и инфозабавен систем, но и многу пофини детали, како што е амбиенталното осветлување во кабината.

      Новата Серија 3 е поголема и потешка од својот претходник и се натпреварува со останатите компактни луксузни седани како Mercedes-Benz C-Класа, Audi A4, Genesis G70 и Alfa Romeo Giulia. Новата BMW Серија 3 е најголемата „Тројка“ направена досега.

      Цената на тестираниот модел изнесува 42.320 евра

      Технички податоци за BMW 320d G20:

      моторЕуро VI 2,0-литарски турбодизел, четирицилиндричен
      работна зафатнина1995 cm3
      пречник и од84 x 90 mm
      степен на компресија16.5:1
      максимална моќ190 КС
      макс. вртежен момент400 Nm при 1750 – 2500 min-1
      трансмисијана задни тркала преку автоматски осум-степен менувач
      потпирањенапред независен Макферсонов систем, спирални пружини, позади независен мултилинк
      сопирачкивентилирачки дискови, ABS
      пневматици205/60 R16
      каросеријаседан со 4 врати, 5 места
      должина х ширина х висина4709 x 1827 x 1435
      меѓуоскино растојание2851
      траги (напред/назад)1589 mm x 1604 mm
      тежина1455 kg
      максимална тежина2085 kg
      багажен капацитет480
      резервоар40 литри
      максимална брзина240
      забрзување 0-100 km/h6,8
      потрошувачка (отворен пат/град/просек)3,8-4,1/4,9-5,1/4,2-4,5 l/100 km
      емисија на CO2110-117 g/km
      СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА АВТО ПЛУС. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close