Тест Dacia Sandero Stepway: Авантуристички дух

Dacia ја освежи својата гама со нов Sandero Stepway, предвиден како алтернатива помеѓу класичен хечбек модел и SUV преставниците

Златно Тркало

Кога францускиот производител Renault стана сопственик на Dacia никој со сигурност не можеше да предпостави дека за краток период од производните хали во Романија ќе започнат да излегуваат автомобили кои ќе бидат одлично прифатени како на нискобуџетните пазари така и во западноевропските земји. Преродбата која се случи во Dacia се базира врз проверената механика на Renault, воздржаниот, но допадлив дизајн и пресудниот момент – цената.

Успешната приказна продолжи и во годините кои доаѓаа, па така Dacia се етаблира како бренд со кој добивате повеќе од тоа што го плаќате. Одличниот фидбек на купувачите го охрабри производителот да навлезе подлабого со својата понуда, а еден од најбрзо растечките секако е SUV и кросовер сегментот. За таа цел лансиран е моделот Sandero Stepway кој отворено кокетира со теренскиот изглед, а на компанијата и овозможи да го направи првиот сериозен пробив.

Sandero Stepway

Флуидна форма и цврста става

На почетокот од годината на нашиот пазар пристигна новата генерација на популарниот Sandero Stepway која прво на тест дојде во редакцијата на Авто Плус. Веднаш може да кажеме дека првиот впечаток е повеќе од позитивен. Надворешниот дизајн е целосно променет и сега го карактеризираат поостри линии кои се добро осмислени така што формираат флуидни движења по целата каросерија. Робусните елементи изведени во црна пластика го дополнуваат изгледот на екстериерот и му даваат доза на цврстина. Конзервативниот пристап е испратен во минатото, предниот дел добиваат потпис во Y форма, што како и предните светлата и на задните светла е изведен во лед технологија. Сивите оплати поставени ниско на предниот и заден браник кај Stepway му додаваат доза на возбуда и го подигаат на авантуристички дух на моделот.

Умешно комбинирана кабина

test Dacia Sandero StepwayВнатрешноста како и надворешноста комплетно ги раскинува врските со минатото, кабината кај Stepway е изработена од робусни материјали, иако пластиката е направена од потврда компонента и по подолго користење нема да покаже истрошеност, квалитетот е во сооднос со ценовната поставеност а дизајнот е подигнат скалило погоре и е речиси на ново како кај конкурентските модели. Дизајнерската слобода е преставена преку елементи што ја подигаат атмосферата чиј дел е штофената преслека која се протега по средината на предниот дел од арматурата и продолжува на вратите. Тука се и отворите за доток на свеж воздух кои имаат акценти на бакар, а седиштата се изведени со специфичен и уникатен дезен подготвен единствено за оваа изведба.

Возачката позиција е поставена високо и нуди одлична прегледност на случувањата при управувањето. Просторот во внатрешноста е со габарити кои овозможуваат комотно сместување на 4 патници (5 на кратка релација), додека пак багажниот дел поседува волумен од 328 литри и правилен облик. Доколку сте поборник на високата технологија ќе нема на што да се пожалите,  за тој дел се грижи мултимедијалниот систем со екран од 8 инчи на кој може да се поврзе смартфон што ќе ги прикаже апликациите својствени за Аndroid и Аpple системите.

test Dacia Sandero Stepway

Конфигурација што одговара на карактерот

Моторизацијата и погонот кај новиот Sandero Stepway се искучително интересно изведени. Имено, во овој автомобил се вградува еден трицилиндричен бензински агрегат кој доаѓа во 3 верзии на моќност споен со 2 различни менувачки механизми. Послабата верзија располага со 67 КС, додека моделот кој ни беше отстапен на неколкудневно дружење беше движен од едно литарскиот агрегат потпомогнат со турбо полнач и максимална моќност од 90 КС што е точно на средина од понудата, а над него е 100 КС верзијата која единствено доаѓа со фабрички вграден плински уред. Двигателот ги испонува строгите Euro 6 нормативи и е истиот кој се користи и во актуелната генерација на Clio. Силата се испраќа преку 6 степена мануелна трансмисија кон предните тркала. Вртежниот момент изнесува 160 Nm што е достапен од 2.100 врт/мин.

Sandero Stepway

Автомобилот поседува  тежина помала од 1.100 кг што во комбинација со 90 КС овозможува доста пристојни перформанси. Потрошувачката се движеше малку над 7 л/100 км (штотуку регистрирано), но доколку се вози повнимателно и во ECO мод на работа истата може да се спушти за најмалку половина литар. Моторот во урбани услови на возење реагира доста динамично, одлично се снаоѓа низ градските улици, а на долги релации на отворен пат без никакова заддршка одржува високо темпо.

Современ и трендовски

Иако надворешниот изглед асоцира, Stepway како и повеќето кросовер модели не поседува погон на сите тркала, но затоа има суспензија која е сетирана за условите кои владеат во овој дел од Европа и овозможува пријатно возење и по најлошите патишта. Моделот Sandero Stepway ја користи CMF-B платформата која е идентична како и најновата генерација на Renault Clio. Зголемениот клиренс од 17 см на овој модел му овозможуваат многу подобро да се носи со неквалитетните патишта одколку конкурентите модели, затоа секојдневните крстосувања по раскопаните градски улици се природна средина каде што Sandero Stepway одлично се снаоѓа.

Предрасудите за марката се веќе одамна надминати, Dacia во жестоко темпо граби напред покажувајќи им на конкурентите дека е сериозна во своите намери. За горенаведениот пример е и моделот Sandero Stepway кој е предводник на новата генерација на модели што допрва треба да настапат на глобаната автомобилска сцена, а како додатен аргумент за довербата во квалитетот е податокот дека Sandero Stepway кај нас го носи знакот на романскиот производител, но во некои земји ќе настапи единствено со значката на Renault.

test Dacia Sandero Stepway

Цена на тестираниот модел : 13.750 евра

 

Технички податоци за Dacia Sandero Stepway Comfort 1.0 Tce 90:

моторEuro VI, бензински, четиритактен, трицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
работна зафатнина  999 см3
пречник и од72,20 x 81,30 мм
степен на компресија10,5:1
напојувањедве брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа директно и индиректно вбризгување на горивото
максимална моќ90 KС (66 kW) при 4.600-5.500 min/-1
макс. вртежен момент160 Nm при 2.100-3.750 min-1
трансмисијана предни тркала преку 6 степен мануелен менувач
потпирањенапред Мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад полузависна оска, спирални пружини, телескопски амортизери
сопирачкинапред самовентилирачки дискови, назад барабани, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
пневматици205/60 R16
каросеријаХечбек со пет врати, пет седишта
должина х ширина х висина4.099 x 1.848 x 1.587 мм
меѓуоскино растојание2.604 мм
траги (напред/назад)1.520./1.509 мм
тежина1.077 кг
максимална тежина 1.578 кг
багажен капацитет328 литри
резервоар50 литри
максимална брзина172 км/ч
забрзување 0-100 km/h12 секунди
потрошувачка (отворен пат/град/просек)5.3/6,5/5,9 л/100 км
емисија на CO2114-119 г/км

Dacia Sandero Stepway во Македонија:

Dacia Sandero Stepway Access 1.0 Tce 9011.490 евра
Dacia Sandero Stepway Access 1.0 ECO-G 10012.750 евра
Dacia Sandero Stepway Essential 1.0 Tce 9012.750 евра
Dacia Sandero Stepway Essential1.0 ECO-G 10013.300 евра
Dacia Sandero Stepway Comfort  1.0 Tce 90 CVT15.250 евра

Повеќе информации во Аутомотив Груп тел. (02) 27 27 201 или www.dacia.mk

Конкуренти:

Ford Fiesta Activeoд 17.000 до 20.900 евра
Kia Stonicод 13.950 до 19.950 евра
Citroen C3 aircrossод 14.900 до 18.500 евра
СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА АВТО ПЛУС. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.

Поврзани вести

Back to top button