Краток тест Mini Countryman S E: Забава во Еко форма

Електрификациската ера ја започна и британската премиум марка, а во „зелениот“ свет влегува со plug-in хибридна варијанта на популарниот Countryman

Британската премиум марка отсекогаш била позната по своите автомобили кои со години наназад доаѓаат со забавни карактеристики и нудат едно поинакво и несекојдневно чувство позади управувачот. Сега, Mini оваа забава ја води кон правец на популарниот електрификациски тренд, а „зелената“ офанзива ја започнува со моделот Countryman. Така, првиот електрифициран модел на компанијата доаѓа како plug-in хибридна верзија, позната како Mini Cooper S E Countryman ALL4. Вака изведениот погон нуди опција за чисто електрична мобилност, при што без емисии, овозможува возбуда на атлетска агилност и врвна разновиднoст.

Традиционален карактер

Најновата генерација на Mini Countryman оди уште подалеку во однос на разноврсноста на моделот, агилноста и врвниот карактер. Дефиниран со зголемено растојание од патната подлога и крената положба на седење, моделот е со уште повеќе потенциран надворешниот изглед. Елементи типични за марката се она што го карактеризираат автомобилот, а тука се вбројува впечатливата покривна линија, хексагоналната решетка и големите LED светлосни единици, кои секако претрпеле еволутивен развој.

Дизајнот на задниот дел е сличен, со големи светла, браник со дифузер и единствен излез од издувниот систем. Отворот за поврзување на кабелот за полнење, кај овој модел доаѓа од двете страни, поставени во предниот дел. Исто така, присутни се и жолти „S“ ознаки со кои се означува верзијата на моделот.

Надворешност 1/3 | Mini Countryman 
Надворешност 2/3 | Mini Countryman 
Надворешност 3/3 | Mini Countryman 

    Премиум амбиент

    Рафиниран врвен амбиент, модерен приказ и оперативен концепт се она што го отсликуваат напредокот постигнат преку промена на генерацијата. Висококвалитетните материјали и прецизната завршница, модерните, ергономски оптимизирани контроли придонесуваат за ексклузивниот амбиент на автомобилот. Внатрешноста на Countryman се одликува со веќепознатиот дисплеј поставен во центарот, вертикални отвори за воздух, како и карактеристичните прекинувачи во долниот дел на централната табла.

    Секако, затоа што се работи за plug-in хибридна варијанта, ентериерот добива специфични елементи, како жолт старт/стоп прекинувач, 6,5 инчен Mini Visual Boost екран, кој прикажува информации за состојба на полнење и режим на работа на хибридниот погон, избран од прекинувачот за вклучување eDrive.

    Внатрешност 1/3 | Mini Countryman
    Внатрешност 2/3 | Mini Countryman
    Внатрешност 3/3 | Mini Countryman

      Енергичен Еко погон

      Mini Cooper S E Countryman ALL4 комбинира варијабилен просторен концепт на најголемиот член на новата генерација на модели, со одржливоста на технологијата на BMW преку eDrive и електрифицираниот систем со погон на сите четири тркала. Предните тркала се напојуваат од моторот со внатрешно согорување, додека пак за задните тркала задолжена е електричната единица. Plug-in хибридниот модел може да работи само на електрична енергија, не само во градскиот сообраќај, туку и на далеку. Со максимална брзина од 125 km/h, Countryman S E може да измине пат до 40 километри.

      Просторот по моторниот капак е окупиран од три-цилиндарскиот 1,5 литарски бензински мотор со Mini TwinPower Turbo Technology. Оваа единица самостојно обезбедува излезна моќност од 136 коњски сили и 220 Nm, благодарение на модифицираниот шест-степен Steptronic менувач. Втората погонска единица е електричниот мотор сместен под подот на багажниот простор, кој располага со 88 коњски сили и генерира 165 Nm максимален вртежен момент. Со вкупна моќност од 224 коњски сили и 385 Nm, Mini Cooper S E Countryman ALL4 забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди.

      Батерискиот пакет е изведен со литиум-јонска батерија која се карактеризира со значителна компактност и моќност. Поставена директно пред електричниот мотор под задното седиште, пакетот е составен од пет модули, од кои секоја се состои од 16 ќелии на батеријата, кои како и електричниот мотор, се произведуваат во фабриката Динголфинг на групацијата. Високонапонската батерија има капацитет од 7,6 kWh и поврзана за 3.6 kW полнач, може целосно да се наполни за 2 часа и 15 минути. Времето на полнење на стандарден „штекер“ во домашни услови изнесува 3 часа и 15 минути.

      Цената на тестираниот модел изнесува 40.210 евра, кој моментално во специјална пакет понуда може да го добиете за 38.500 евра.

      Технички податоци за Mini Cooper SE Countryman ALL4:

      моторEuro VI, бензински, четиритактен, трицилиндарски, линиски, водено ладен
      работна зафатнина1.499 cm3
      пречник и од82,0 x 94,6 mm
      степен на компресија11:01
      напојувањечетири вентили по цилиндар, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
      максимална моќ на мотор со внатрешно согорување136 КС (100 kW) при 4.400 min-1
      максимална моќ на електричен мотор88 КС (65 kW) при 4.000 min-1
      макс. вртежен момент на мотор со внатрешно согорување220 Nm при 1.250-4.300 min-1
      макс. вртежен момент на електричен мотор165 Nm при 0-3.000 min-1
      системска моќ224 КС (165 kW)
      системски макс. вртежен момент385 Nm
      батериски пакет7,6 kWh литиум-јонска батерија, поставена под задната клупа
      електричен возен опсег41 km
      трансмисијашест-степен автоматски Steptronic менувач, погон на сите четири тркала
      потпирањенапред: независен Мекферсонов систем, назад: независен мултилинк, надолжни водилки
      сопирачкинапред вентилирачки дискови, назад дискови, ABS, CBC, DSC, DTC, EDLC
      пневматици225/55 R17 (напред), 225/55 R17 (позади)
      каросеријахечбек со пет врати, пет седишта
      должина х ширина х висина4.299 x 1.822 x 1.559 mm
      меѓуоскино растојание2.670 mm
      траги (напред/назад)1563/1565 mm
      тежина1.660 kg
      максимална тежина2.270 kg
      багажен капацитет405 l
      резервоар36 l
      максимална брзина198 km/h
      максимална брзина во ел. режим125 km/h
      забрзување 0-100 km/h6,8 секунди
      просечна потрошувачка2,1-2,3 l/100 km
      емисија на CO249-52 g/km

      Повеќе информации во М-Кар или на тел. (02) 3096 600.

      Конкуренти:

      VW Golf GTEнедостапен во МК
      Kia Niro PHEVнедостапен во МК
      Audi A3 e-tron PHEVнедостапен во МК

      Галерија:

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close