НАСЛОВНАСАЕМИ

Токио 2017: Zagato ја возобновува Iso Rivolta

Zagato ќе ја возобнови Iso Rivolta Vision Gran Turismo

Посетителите на салонот во Токио ќе можат да го видат концептот, а оние кои играат Gran Turismo Sport ќе можат и да ја „повозат“ новината.

Оригиналниот Iso Rivolta од 60-тите години на минатиот век е возило тип Grand Touring Coupe кој има убав дизајн, креација на Bertone и е придвижуван од 5,4-литарски V8 мотор, преземен од Chevrolet Corvette. Сега во Zagato нудат модерна интерпретација на класиката. Потпретседателот на компанијата, кој одговара за дизајнот, Норихико Харада најави дека еден ден возилото може и да се појави во реалниот свет.
Iso Rivolta
Од Zagato бараат клиенти, чиј нарачки ќе обезбедат една скромна производствена серија на Iso Rivolta Vision Gran Turismo – од 3 до 5 единици. Слично на оригиналот и тука погонот е доверен на мотор кој доаѓа од Corvette. Само што сега станува збор за 6,2-литарски V8 мотор, кој има две турбини и е доработен од Callaway, што му обезбедува 997 коњски сили. Со 10-степен автоматски менувач возилото забрзува од 0 до 100 km/h за 2,7 секунди, а максималната брзина е 365 km/h.
Iso Rivolta
Која е цената за која од Zagato преговараат со потенцијални клиенти, е тешко да се претпостави?!

Клучни зборови

Поврзани вести

Close