fbpx

Токио 2019: Lexus со футуристичкиот концепт LF-30

LF-30, електрифициран концепт создаден од јапонскиот производител како визија за претстојната генерација на електрифицирани возила

Концептниот LF-30 доаѓа со несекојдневен и футуристички дизајн, осврнат кон претставување на визијата на брендот кон иднината на своите електрифицирани возила.

Моделот доаѓа со четири електрични мотори, поставени по еден во сите тркала, кои обезбедуваат моќност од 536 коњски сили. Ваквата распределба овозможува одлични карактеристики на ракување, потпомогнати од Lexus Advanced Posture Control технологијата. Автомобилот може да се вози во режим со погон на предните тркала, на сите тркала или само на задните тркала, во зависност од условите на возење.

Футуристичкиот Lexus LF-30 ни дава преглед на свет каде бујните кабли за полнење повеќе не се потребни за е-возилата, бидејќи се одликува со напредна технологија за безжично полнење. Автомобилот исто така доаѓа и со напреден автономен систем за возење кој вклучува функција за самостојно паркирање.

LF-30

Бидејќи концептот е опремен со мали електрични мотори во тркалата, дизајнерите имале прилично голема слобода околу целокупната форма на автомобилот, па така присутен е стаклен дел кој се протега од почетокот па се до самиот крај.

Внатрешноста исто така има уникатен и импресивен дизајн, кој се карактеризира со футуристички седишта дизајнирани да имитираат отвореност на седиште од авион. Овие седишта вклучуваат и вештачка мускулна технологија за обликување според телото на патникот. Претставен е и Mark Levinson аудио систем.

Поврзани вести

Back to top button