ЗАБАВАНАСЛОВНА

Том Круз со најбрзиот мотоцикл во светот

Папараци го „уловија“ Том Круз зад управувачот на Kawasaki Ninja H2R на снимањето на продолжението на култниот филм Top Gun

Во филмот од 1986 година, херојот, военио пилот Пит Мичел Маверик вози мотоцикл од истата марка. Во тоа време, Kawasaki GPz 900R Ninja беше еден од најбрзите мотоцикли на планетата. Сега Том Круз ја има пак таа чест да вози Kawasaki Ninja H2R, кој е тркачка верзија на Ninja H2 и го има истиот епитет.

Kawasaki Ninja H2R има компресорски 4-цилиндерски мотор со волумен од 998 cm3 со зголемена моќ од 215 на 326 КС, дополнителни рампи и две анти-крила наместо огледала. Од Kawasaki не ги потврдиле динамичките карактеристики на ѕверката, но според аматерски мерења забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 1.5 секунда и достигнува максимални 400 km/h.

Kawasaki Ninja H2R

Живот и кариера на Том Круз се неразделно поврзани со мотоцикли.

Тој менувал десетици модели во разни филмски остварувања и е познат по сопствените акробации. Top Gun освои Оскар за музика и го лансираше Круз во ѕвезда од светска класа. Продолжението, насловено Top Gun: Maverick ќе биде премиерно покажан во летото 2019 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close