fbpx

Топ 10 најлуксузни автомобили за 2018 според AutoCar

Традиционално веќе со години наназад изданието AutoCar прави рејтинг листи на најдобрите десет автомобилски изданија по сегменти во Велика Британија, а овој пат „ на тапет“ се најпрестижните луксузни остварувања за 2018.

AutoCar, автомобилите ѓи оценуваат согласно со веќе познати критериуми, а еден од најважните од нив е дека луксузни автомобили треба да покажат широк спектар на квалитети. Ова се автомобили што ги избираат да ги возат или со поголема веројатност да „се возат“ клиенти на високи позиции во општеството. Затоа, овие возила мора да нудат одлично потпирање и извонреден комфор на двете предни и задни седишта. Високите нивоа на технологија се задолжителни и системите за поврзување, кои овозможуваат употреба на луксузни апарати, па како мобилни канцеларии стануваат уште поупотребливи.

Рејтингот на AutoCar содржи автомобили кои се исклучително удобни и одлични за возење:

10.Hyundai Genesis

На Hyundai отсекогаш му беше тешко да се продре во луксузниот сегмент, но со лансирањето на Genesis, работите на пазарите ширум светот добија поинакви димензии. Genesis нуди многу подобар ентериер од било кој Хјундаиев модел пред него, а нивото на опремата се совпаѓа со онаа на најпрестижни германски ривали. Автомобилот има 3.8-литарски мотор и 8-степен менувач. Genesis е амбициозен проект на Корејците и според она што го нуди е веднаш зад, аво некои сегменти и до, лидерите на луксузната класа.

autocar

9. Maserati Quattroporte

За оваа моделска година пристигнува со подолго меѓуоскино растојание, па најновиот Quattroporte веќе е голема лимузина која е директен ривал на Jaguar XJ, комбинирајќи одличен комфор и она по што е позната италијанската компанија- спортско возење. Внатрешноста е исклучително висока, иако тоа е чекор зад германските ривали во поглед на квалитетот и просторот.

autocar

8. Lexus LS

Најновата верзија на луксузната лимузина на Lexus е дефинитивно скалило погоре во многу елементи од нејзиниот претходник. Внатрешноста е модерна и луксузна, со четири нивоа на тапацир, а нуди и многу опрема. Динамично, сепак, LS е помалку убедлив: 3.5-литарскиот V6 хибрид мора да работи напорно за да се справи со тежината од 2.420 kg.

autocar

7. BMW 6 Gran Turismo

Големиот хечбек со пет врати е интересен избор за луксузна лимузина. BMW 6 GT има иста основа како Серија 7 и покрај косиот покрив, ја задржа поставеноста на седиштата. Внатрешноста е пријатна и направена со многу простор за четири лица. Моторот од 300 КС самоуверено ја пренесува моќта преку погонот на четири тркала. Иако не е толку елегантен, BMW6 GT е добар избор за луксузна izvedba.

autocar

6. Jaguar XJ

Најновиот XJ е израз на новиот бран од Jaguar. Динамиката е подобрена со одличната шасија и однесувањето на автомобилот на патот. XJ создава чувство на класа која дури и ги надминува некои од германските ривали. Сепак, во смисла на чист квалитет и ниво на технологија, Jaguar не може да им конкурира на ривалите од Mercedes, BMW и Audi

autocar

5. BMW 7

Откако блесна во1977, BMW 7 отсекогаш бил во сенка на S-Class, но со оваа верзија на моделот е сосема нешто друго. Искуствата нa BMW создадоа лимузина која го освои пазарот за high-end автомобили, комбинирајќи адаптивна воздушна суспензија и иновативен систем за информации и забава. Луксузната лимузина е достапна само со заден, како и со 4×4 погон. Внатрешноста зрачи со простор, интегритет и употребливост, иако е многу слична со другите модели на BMW. Моторите се тивки, моќни и ефикасни, а однесувањето на патот е попрецизно од конкурентите. Серијата 7 е изненадувачки добар автомобил за возење и отскокнува по многу нешта од своите ривали во смисла на луксуз.

autocar

4. Audi A8

Најновата А8 пристигнува со подобрена суспензија, модифициран погон, повисоко ниво на технологија, па дури ја надминува и S-Class со најдобриот систем за автономно управување во светот. Постои избор на еден дизел (282 КС) и еден бензински мотор со максимална моќност од 335 КС. Покрај тоа, новиот A8 е опремен со 48V електричен систем кој обезбедува мек хибриден статус. Квалитетот на ентериерот се чувствува како да е дизајниран да ја надмине понудата, иако елеганцијата на S-Class недостасува.

autocar

3. Tesla Model S

Првиот автомобил произведен од компанијата на Илон Маск, Model S, е машината што ја донесе довербата за луксуз на пазарот од електрични автомобили. Постојат четири опции за батерии, предводени од пакет од 100 kW со кои со едно полнење може да се минат 630 километри, а електромоторот е со максимална моќност од 415 КС. Моделот S има голема, тивка и престижна кабина и многу простор со футуристичко чувство. Лимузината не е само луксузна и брза, туку и еколошка.

autocar

2. Range Rover

Најновиот Range Rover, кој е само четвртата генерација на моделот, е најреволуционерен досега. Просторниот ентериер нуди квалитет и луксуз, седиштата се одлично изработени, а местото на возачот е извонредно регулирано. Ова го што го прави SUV остварувањето лесно за управување, имајќи ја во предвид неговата големина. Тешката каросерија обезбедува одлична изолација од грубите површини и иако Range Rover не ја нуди динамиката на Porsche Cayenne, тој може да биде забавен за возење. Тежината на автомобилот е мал компромис што треба да се направи за единственоста и луксузот на автомобилот.

autocar

1. Mercedes-Benz S-Class

Кога Mercedes-Benz ќе направи нова S-Class, идејата отсекогаш била да се создаде најдобрата лимузина во светот. Овој автомобил ги исполнува високите очекувања од него и е исклучително функционален. S-Class е традиционален седан со невидено управување обезбедено од воздушната суспензија со адаптивни амортизери. Тој е дизајниран да се движи тивко, удобно и прецизно. Постои избор од три бензински и еден дизел мотор со 9-Tronic Plus деветстепен автоматски менувач. Внатрешноста е извонредно изработена и е погодна и опремена со високотехнолошка технологија, вклучувајќи го и 12,3-инчниот екран и стандардниот Mercedes Comand Online систем.

autocar

Поврзани вести

Back to top button