fbpx

Нова лимузина за јапонската елита

Toyota ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на нејзиниот основач Сахи Тојода, со ново издание на својот најпрестижен и скап модел

Третата генерација на Toyota Century ќе дебитира на салонот за автомобили во Токио на крајот од месецот.

Изградена во чест на вековниот јубилеј на Тојода во 1967 година, лимузината им служеше на јапонскиот премиер и на царот. За 50 години век не се промени многу. па и новата генерација нема да ги прекрши традициите со некои експерименти во дизајнот. Автомобилот е 5.335 долг, 1.930 широк и 1.505 милиметри висок, со 3.090 mm меѓуоскино растоајание. Ова го прави сличен по големина на водечкиот Lexus LS со долга база, врз чија платформа е најверојатно изграден.

Toyota Century

Техничките информации за новата Century нема. Само е познато дека лимузината ќе биде опремена со хибридна погонска единица која се состои од бензински V8 агрегат и електричен мотор. Системската моќ исто така зборува за блиски односи со најголемиот Lexus.

Toyota Century

Поврзани вести

Back to top button