НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Toyota Corolla се враќа како хечбек во Европа

Јапонскиот производител Toyota ќе го врати на некои европски пазари во хечбек-верзија моделот Corolla

Тоа ќе се случи уште во првите месеци од годинава, пишува Autocar, повикувајки се на официлни извори.

Првиот пазар за моделот ќе биде Велика Британија, каде за последен пат Corolla се предлагаше како хечбек во 2007 година. Причината за одлуката на компанијата се незадоволителни резултати на Auris. Минатата година, беа пласирани 14.000 единици од овој модел, што е 3.000 помалку од 2016. Toyota очекува интересот за Auris да продолжи да паѓа и затоа ќе го замени со сосема нов автомобил.

Corolla
Тој ќе биде изграден на новата глобална платформа на компанијата, која ќе овозможи користење на различни хибридни погони и бензински агрегати. Всушност хечбекот на Corolla ќе се потпира на 1,2-литарски бензински мотор и хибридот од Auris во кој се вградува бензинецот од 1,8 литри. Јапонците немаат намера да предложат дизел верзија на моделот, иако популарноста на ова гориво на Стариот континент е сеуште огромна.
Corolla

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close