fbpx

Крајот на дизел моделите на Toyota за Европа?

Toyota најверојатно ќе стави крај на лансирањето на нови дизел мотори во Европа

Ова стана јасно од актуелното интервју на Дидие Лерој, кој е член на раководниот тим на брендот за Стариот континент, кој за Autocar изјави дека дизел автомобилите не влегуваат повеќе во плановите на брендот.
дизел автомобилите

– Моето лично мислење, нагласувам – лично, а не на компанијата, е дека нема да лансираме нови дизел автомобили во Европа, признава Лерој. Реакцијата не е резултат на „хајката“ против дизел автомобилите на континентот, туку е реакција уште од 2014 година, кога тој и неговиот тим одлучиле да не пуштаат дизел верзија на C-HR.

Според него, пред три години дилерите на компанијата биле лути за ова решение, но тоа било дел од долгорочната стратегија на Toyota да го елиминира дизел моторот од своето портфолио.
дизел автомобилите

Поврзани вести

Back to top button