fbpx

Toyota го најави новиот електричен SUV

Јапонскиот производител Toyota го најави својот нов електричен SUV, кој се очекува да биде претставен во текот на следната година

Toyota подготвува целосно нов електричен SUV модел, кој ќе биде првиот електричен автомобил на компанијата базиран на целосно новата e-TNGA платформа наменета конкретно за електрични возила, а развиена во соработка со Subaru. Јапонскиот производител објави нова фотографија на која е прикажана стилизирана силуета, заедно со нови детали за новата платформа.

Целосно новиот електричен Toyota SUV, кој ќе има слична големина како RAV4, но многу веројатно ќе добие поголемо меѓуосовинско растојание со цел да се има доволно простор за батеријата, е дизајниран да се најде во продажба на глобално ниво и ќе биде произведуван во ZEV фабриката на јапонскиот производител во Јапонија. Компанијата планира да ја претстави финалната продукциска верзија на својот нов електричен автомобил во следните неколку месеци.

Од Toyota истакнуваат дека новата флексибилна e-TNGA платформа е дизајнирана да овозможи погон на предните, задните и сите четири тркала и може да поддржи широк опсег на различни батериски пакувања и електромотори кои се соодветни за модели од различни сегменти и овозможуваат развој на индивидуални модели паралелно. Новиот SUV модел ќе биде првиот од шесте нови електрични автомобили кои ќе ја користат новата архитектура.

Остатокот од моделите кои ќе бидат базирани на новата e-TNGA платформа ќе бидат помали кросовери, голем SUV, седан и MPV модел. Новиот електричен Toyota SUV исто така ќе добие и „братски“ модел од Subaru.

Toyota SUV

„Toyota наскоро ќе го преземе следниот чекор во претставувањето на своето престојно електрично портфолио преку претставување на целосно нов SUV во престојните месеци. Разноликоста и флексибилноста на e-TNGA технологијата ни овозможува да дизајнираме и креираме возила кои не се само електрични, туку исто така возбудливи за возење и убави на изглед“, изјави Коџи Тојошима, директорот на Toyota ZEV фабриката.

Поврзани вести

Back to top button