Toyota го произведе 10.000.000 Land Cruiser

Со своите 68 години на автомобилската сцена, Land Cruiser претставува поим за неуништливост и сигурност на брендот

По 68 години на автомобилската сцена како модел, јапонската компанија произведе 10.000.000 единици од Land Cruiser, кој покрај тоа што претставува исклучително способниот теренец, не изостанува и од луксуз и престиж.

За прв пат серијата се појави во 1950 година, за потребите на Корејската војна, каде во 1951 година дебитираше и првиот прототип наречен BJ. Регуларното производство на BJ започна во 1953 година, каде автомобилот бил достапен во три различни конфигуарции во зависност од потребите и барањата.

Toyota чекала до 1954 година кога техничкиот директор, Ханџи Умехара го измислил „Land Cruiser“, добивајќи инспирација од британскиот „Land Rover“. Во 1955 се појавува втората генерација на Land Cruiser наречена серијата J20. Од тогаш, па се до последната генерација на моделот, Toyota поизведе 10 милиони примероци од Land Cruiser.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close